Што изјави Немцов во последното интервју? | Правдико

Правдико

   

Што изјави Немцов во последното интервју?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

“Вистина е дека нашата влада одамна е жигосана како непријател. Ни на сон јас не би се обидел  да организирам Мајдан во Москва. Путин не е Јанукович “, изјави Немцов во интервју за полскиот Њусвик неколку часа пред да биде брутално убиен во центарот на Москва.

njemcov

Сегашната ситуација во Русија ја опиша во кратка реченица: “Засега Русија се дави”. Потоа, тој додаде дека неверојатниот потенцијал на земјата  тони,  и тоа поради политиката на Владимир Путин. Тој смета дека нема руски лидер кој имал толку удобни услови за владеење. “А денес ние сме во рецесија. Што имаме? Двоцифрена инфлација, девалвација на рубљата, одливот на капитал од $ 150.000.000.000 веќе е  надминат  “, вели Немцов.

За се се виновни очајните идеи на  Владата и смета дека доколку вака продолжи ќе се случи  “братоубиствена војна во Украина” во бесмислена конфронтација со Западот.

Бидејќи не се рамнодушни, луѓе излегоа на улиците, а Немцов  ваквите протести ги нарекува “протести против колективно самоубиство на Русија”, не само од страна на опозицијата, но од страна на сите Руси.

Со оглед на тоа  дека Путин го менувал својот став за Украина на секои пет минути,   и дека во ниту еден момент не се промовираа некои  фашистичките идеи,  Немцов  “изненаден” одговорил:

“Навистина? Тој едноставно го презира целиот светски поредок! Отворено  вели дека Западот е злото. Тој рече дека Украинците не се способни да ја изградат земјата и дека само тој може да им помогне. “

На коментарот на новинарот дека со ова не се согласуваат сите руси, бидејќи десетици илјади луѓе биле на  улиците, а тоа е  само 20 отсто, Немцов одговорил  дека не се согласува. Тој истакна  дека другите Руси живеат во заблуда и му веруваат на Путин, бидејќи има само една работа која ја работел навистина добро во последните неколку години:

“Им го испери  мозокот на Русите. Заразени од вирусот на комплекс на инфериорност кон Запад, со уверување дека единствено нешто што можеме да направиме за да го импресионираме  светот е употребата на сила, насилство и војна.

Ги програмира моите  сограѓани да ги мразат странците “, а тоа е клучен проблем.

Но, тој не го смета само Владимир Путин одговорен виновник како што вели тој за  “ужасна ситуација во земјата”,   истата одговорност за “перење на мозокот” ја дели  и Константин Ернест, генерален директор на Канал 1, Димитриј Кисељев, кој ја предводи агенцијата Раша денес .

Сето ова, Путин успеа да го стори прегу Гебелсова  пропаганда , смета Немцов и додава:” Тие играат на емоции, што поголема лага толку подобро, и таа лага треба да се повторува што почесто. Оваа пропаганда е наменета за обичните луѓе и не остава многу простор за прашања. Хистеријата достигна невидени размери, па оттука и големата поддршка на Путин .

Зборувајќи за економската криза во земјата,  споредувајќи ја со Германија, каде во иста криза се наметнува  режимот на Хитлер, Немцов на крајот заклучува дека се неопходни алтернативи,  визии и различни идеи за Русија. “Потребна ни е земја во која не се применуваат разбојнички  методи против своите граѓани и соседи. Но, како што реков, рускиот фашизам е хибрид, а хибридите се исклучително отпорни “.

Извор: Пресс

Препорачуваме

Партнери на Правдико