Правдико

   

Што може да поминете на граница без плаќање на царина, ДДВ и акциза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

granica-carinaСтранска стока може да се внесе на царинското подрачје преку царински гранични премини во времето кога тие се отворени за промет. Стоката која е внесена во царинското подрачје е предмет на царински надзор од моментот на нејзиното внесување. Таквата стока може да биде предмет на контрола од царинскиот орган во согласност со важечките прописи. Согласно Царинскиот закон и Законот за царинска тарифа одредени стоки се ослободени од плаќање на увозни давачи.

Стока која не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки

Mакедонските и странските државјани се  ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за:

1. стока за лична употреба во текот на престојот (личен багаж)

2. преработки од тутун:
–  200 цигари, или
–  100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр.по парче), или
–  50 пури, или
–  250 грама тутун за пушење, или
–  сразмерна количина на различни преработки на тутун

3. алкохол и алкохолни пијалоци:
–  дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1  литар или
–  дестилирани и алкохолни пијалоци и ап  еритиви со винска или алкохолна  основа со процент на алкохол што не надминува 22%: 2 литри и
–  вино: 2 литри и

4.  парфеми: 50 мл

5. тоалетна вода: 250 мл.

Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години.

Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. Во овие 350 евра ослободување не влегуваат алкохолни пијалоци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Внесување на ефективни странски пари

Devizi, Tabanovce n3Резиденти 

Под поимот резиденти се подразбираат правни лица со седиште во РМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РМ, физички лица со постојано место на живеење во РМ, физички лица со регулиран привремен престој во РМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РМ во странство.

Резидентите  можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Резидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот .

Што се однесува до изнесувањето на пари од Македонија, резидентите мора да го пријават секој износ над 2.000 евра и 120.000 денари по лице при што се приложуваат потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането.

Нерезиденти

Под поимот нерезиденти се подразбираат сите други правни и физички лица кои немаат статус на резиденти.

Нерезидентите  можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра .

Нерезидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Нерезидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.

Нерезидентите можат слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. Доколку изнесуваат ефективни
странски пари над 10.000 евра патниците се должни да ја дадат на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Извор: Царинска управа на РМ

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

 Водич за царинење на стока

 

Партнери на Правдико