Што опфаќа графолошкото вештачење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Графологијата претставува вештина или наука, преку која заклучоците за одредена личност се донесуваат врз основа на нејзиниот ракопис. Како што не постојат два исти отпечатоци од прст, таков е случајот и со ракописот. Ракописот е карактеристичен и единствен за секој поединец.
Судската графологија е признаена вештина на утврдување на идентитетот на личноста на основа на ракописот или проценување на неавтентичноста на некој потпис, а која се користи во судското вештачење и криминалистика.
Основна документација за изготвувањето на стручниот Наод и Мислење од областа на графологијата:
– 10-15 потписи не постари од од 5-7 години ( најблиску до годината кога е напишана спорната содржина)
– Оргинална документација
Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со предмети во кои е вклучено графолошкото вештачење.
Најчести барања за графолошки вештачења:
– Потпис,
– Ракопис,
– Бришење и преправање на оргинална содржина (реституција),
– Печати (факсимили),
– Отпечатоци од печат.