Што открија „Рајските документи“? | Правдико

Правдико

   

Што открија „Рајските документи“?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) објави истражување за имотот на повеќе светски лидери и моќни личности скриени во фондови и офшор-сметки, кои го откриваат тајниот свет во кој тие ги чуваат нивните милијарди.

Во истражувањето „Рајски документи“ има податоци за офшор-средства на британската кралица за поврзаноста на близок соработник на Доналд Трамп со руски државјани, тајни бизниси на соработникот на Џастин Трудо и за уште 120 политичари и моќни личности.

Исто така, во „Рајските документи“, кои се обелоденија во јавноста, се споменуваат големи брендови и интернационални компании, како што се „Епл“, „Најки“ и „Убер“.

Новинарите истакнуваат дека во документите се споменуваат легални бизниси и деловни потези преку офшoр-компании и фондови, како и дека споменувањето на кое било име не упатува на тоа дека некој го прекршил законот.

Во „Рајските документи“ има информации за парични средства што соработник на Трамп ги добивал од енергетска компанија од Русија, чиј косопственик е зетот на Владимир Путин, за 13 милиони долари, кои преку офшор-компанија ги вложувала кралицата Елизабета Втора, за бизнисите на поранешниот американски генерал Весли Кларк, но и за парите што преку државните компании Русите ги дале во „Фејсбук“ и „Твитер“.

Како што се наведува, зад инвестицијата на рускиот милијардер Јуриј Милнер во Силиконската долина стои лавиринт на офшор-компании, но и пари на руската ВТБ банка и гигантот „Газпром“.

Во „Рајските документи“ се споменуваат и имиња на ѕвезди од забавната индустрија, како Мадона и Боно Вокс, како и начините на кои тие на легален начин го чуваат своето богатство од оданочување.

Во документите се зборува и за деловните врски во англиската Премиер лига и за врските на руски тајкуни со фудбалските клубови„ Арсенал“ и „Евертон“.

Како и во претходното големото откритие „Панамски документи“, кое го истражуваа новинари од повеќе од 100 редакции собрани под капата на ИЦИЈ, клучните документи и овој пат ги доби германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Во „Рајските документи“ има податоци за офшор-активности на 120 политичари и светски лидери, меѓу кои и британската кралица и 13 блиски соработници и донатори на претседателот на САД, Доналд Трамп, како и на 100 мултинационални корпорации, меѓу кои „Најки“, „Епл“ и „Убер“ и производителот на ботокс „Алерган“.

Во наредните денови се очекува објавување на низа документи. Гигантот „Еплбај“, еден од лидерите во офшор-бизнисот, најверојатно е извор на документите, а соопштено е дека тие најверојатно се украдени во сајбер-напад минатата година.

„Еплбај“ веќе објави дека се занимава исклучиво со легални активности и дека дава услуги на клиенти во рамките на меѓународното право.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико