Правдико

   

Што предвидува новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинителии

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudii-zakletva-togi-sudstvo[5]Досегашната примена на Законот за Академијата за судии и јавни обвинителии потребата од унапредување на одредени решенија во законот како резултат на европските и светските стандарди за обука, како и напредокот во комуникациската технологија во правосудството, беа појдовните точки за анализа на состојбата, која резултираше со изготвување на нов предлог Закон за Академијата за судии и јавни обвинители.

Реформите во судството и правосудството остануваат врвен приоритет и клучен чекор при отпочнувањето и натамошните преговори кон пристапување кон Европската Унија и усогласувањето на нашето законодавство со правото на Европската унија, особено во делот на имплементацијата на законските решенија. Донесувањето на нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители е резултат на нагласената потреба од понатамошно унапредување и зајакнување на капацитетите на Академијата.

Донесувањето на законот подразбира остварување на двете глобални цели кои ќе овозможат квалитет кај судството и обвинителството: првата – јакнење на независноста и самостојноста на судството и обвинителството особено преку почетната обука за кандидатите за судии и јавни обвинители, како и обезбедување и дефинирање на професионалните и морално – етичките квалитети на кандидатите за судии и јавни обвинители, и втората – зголемување на професионалното, стручното и квалитетното извршување на судиската и обвинителската функција, преку почетната обука и преку постојаното стручно усовршување на судиите и обвинителите во текот на вршењето на функциите.

Со предложените измени се очекува зголемување на квалитетот и ефикасноста при избор на судии и јавни обвинители заснован на резултатите и постигнатиот успех во рамките на почетната обука, како вовед во мерит системот и системот на кариера во професионалниот развој на судиите и јавните обвинители.

Од друга страна, со новиот Предлог се пристапи кон намалување на бројот на членови во Управниот одбор од 13 члена на 9 члена. Се исклучуваат членовите по функција: претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и јавниот обвинител на Република Македонија.

Позицијата на Директорот на Академијата и неговото учество во работата на Управниот одбор е без право на глас, како и досегашното законско решение. Програмскиот совет, како стручен орган на Академијата во состав од седум члена и нивните заменици, кои ги именува Управниот одбор на Академијата, при утврдувањето на предлог – програмите за примен испит, за завршен испит, за почетна обука, за континуирана обука, за практицирање на судската и јавнообвинителската функција и другите специјализирани програми, покрај од позитивните прописи во Република Македонија, се раководи и од меѓународното право, правото на Европската унија, праксата на Европскиот суд за човекови права и другите меѓународни судови.

Изгласаниот предлог закон можете да го превземете ТУКА

 

Партнери на Правдико