Што предвидува новиот Закон за трансофрмација во редовен работен однос | Правдико

Правдико

   

Што предвидува новиот Закон за трансофрмација во редовен работен однос

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

SetWidth960-WORKPLACE_REL_HeroСо овој закон се регулира трансформирањето во работен однос на неопределено работно време на лицата ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело и/или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работа (договор), кои извршуваат работа во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од Република Македонија и единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија, како и ограничување на периодот и бројот на лица кои може да се ангажираат со договор.

Трансформирањето во работен однос на неопределено работно време може да се искористи исклучиво за лицата , кои извршуваат работи врз основа на договор во период од најмалку 3 месеци сметано до 30.11.2014 година, а кои исто така имаат непрекинато важечки договори и во моментот на трансформирањето на работниот однос.

Институциите должни се да склучат договори за засновање на работен однос на неопределено време, односно да донесат решенија за вработување со лицата ангажирани со договор во рок од 30 дена од стапување на сила на овој закон. Договорите за вработување, односно решенијата за вработување се донесуваат на следниот начин:

1) договорите, односно решенијата за вработување за најмногу 35% од вкупно ангажираните лица стапуваат на сила со нивното потпишувањето, односно со донесувањето,

2) договорите, односно решенијата за вработување за најмногу 35% од вкупно ангажираните лица, стапуваат на сила од 01.12.2015 година,

3) договорите, односно решенијата за вработување за преостанатиот број од вкупно ангажираните лица, стапуваат на сила од 01.09.2016 година.

При засновањето на работниот однос на неопределено време со лицата ангажирани со договор, приоритет во однос на динамиката треба да имаат лицата кои се ангажирани во институцијата најдолг временски период. Институциите не смеат да го раскинат договорот  во периодот до стапување на сила на решенијата , освен ако лицата ги повредат обврските преземени со договорот. Во случај на повреда на обврските преземени со договорот, договорите за работа, односно решенијата за работа се поништуваат.

Министерството за финансии издава согласност за обезбедени финансиски средства за трансформација во работен однос на неопределено работно време , на барање на институциите.  Кон барањето до Министерството за финансии, институциите задолжително доставуваат потврда за извршени исплати за последните три месеци сметано до 30.11.2014 година, како и за последователните месеци од овој датум до денот на донесувањето на решението за вработување, односно склучување на договорот за вработување.

Постапката за пријавување на лицата со кои се склучени договори за работа, односно за кои се донесени решенија за вработување, во Агенција за вработување на Република Македонија, покрај пропишаната документација опфаќа и приложување на горенаведената согласност од министерството.  Лицата кои ќе го остварат правото од овој закон, во рок од шест месеци се должни да ги исполнат општите и посебните услови за вработување на соодветното работно место утврдени со закон и со актите за систематизација на институцијата.

Институциите не смеат да ангажираат лица со договор за волонтирање на период подолг од 6 месеци. Лицето кое било ангажирано со волонтерски договор шест месеци во институција, не може повторно да биде ангажирано со договор за волонтирање во наредните три години во истата или во друга институција. Институциите за секое ангажирано лице со договор за волонтирање се должни да го известат Министерството за труд и социјална политика кое води регистар за лица ангажирани со договор за волонтирање.

Казнени одредби

Лицето кое раководи со институцијата која ќе ангажира лице со договор за волонтирање подолго од шест месеци или ќе ангажира лице со договор за волонтирање во периодот од три години после истекот на претходното волонтирање ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.

Лицето кое раководи со институцијата која ќе склучи договор за волонтирање без обезбедена согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико