Правдико

   

Што предвидува новиот Закон за заштита на приватноста

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Privacy1Со новиот Закон за заштита на приватноста се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година. Овој закон беше изгласан во пакетот закони кои беа договорени од страна на политичките лидери со договорот од Пржино.

Со законот се утврдува забрана за поседување, обработка, јавно објавување на материјалите од незаконско следење на комуникации кои претставуваат повреда на приватноста на личниот и семеен живот. Со Законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки.

Според овај закон секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации е должен во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно закон.

Тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана ќе се казни со казна затвор до една година, доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот. Оваа одредба не се однесува на разговор или изјава која претставува јавен интерес. Доколку тој што ќе објави прислушувани или тонски снимани разговори или делови од нив или нивни транскрипти, со кои се врши повреда на приватноста на личниот и семејниот живот ќе се казни со казна затвор од 1 месец до 1 година.

При примена на овој закон, надлежниот суд е должен да ја почитува Европската конвенција за човековите слободи и права и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Законот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува шест месеци по денот на влегувањето во сила.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико