Што предвидува предлог законот за практиканство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со овој предлог закон се уредува постапката и условите за остварување на практикантство, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата на практикантска работа.
Се смета дека законското уредување на ова прашање ќе им помогне на двете страни, односно и на невработените лица и на лицата кои не се во работен однос и на работодавачите да ги реализираат своите цели – вработување на соодветен кадар преку обука за време на практична работа. Од овие причини се наметна потребата од законско уредување на практикантската работа на младите лица, со што ќе се создаде законски основ за реализација на практикантска работа во одреден временски период под одредени
услови.
Со општите одредби од законот се дефинира предметот на истиот, односно со членот 1 е предвидено со законот да се уреди постапката и условите за остварување на практикантството, правата и обврските на практикантот, на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата др.
Со членот 3 е предвидено практикант да може да биде лице кое не е во работен однос, да не е на возраст над 34 години и да има завршено најмалку основно образование.
Потребата од практикант работодавачите ќе ја обезбедуваат со објавување на јавен оглас (член 4), во кој треба да бидат содржани информации за условите за практиканската работа.
Со членот 6 се дефинира максималниот период на практикантство кој може да трае до 6 месеци, при што се предвидува еден практикант да може да врши практикантска работа само еднаш кај ист работодавач (став 2).
Со членот 7 определен е максималниот број на практиканти кај работодавачите и тоа во зависност од бројот на вработените на неопределено работно време кај работодавачот на денот на пријавување на практикантот. При тоа, со ставот 2 се предвидува работодавачот во било кој момент да не го надмине максималниот број
кој е определен врз основа на бројот на вработени на неопределено време кај работодавачот. Агенцијата за вработување на РМ е должна еднаш месечно да доставува податоци до Државниот инспекторат за труд за работодавачите кои имаат пријавено практиканти.
Законот предвидува обврска за плаќање на надоместок за практикантската работа на практикантот од страна на работодавачот и тоа во висина од 42% до 74% од минималната нето плата утврдена со закон, за практикантска работа до 3 месеци (член 8, став 2 алинеја 1). Доколку практикантската работа се реализира подолго од 3 месеци, а најмногу до 6 месеци, месечниот надоместок кој треба да го исплати работодавачот на практикантот од четвртиот месец треба да биде во висина на минималната нето плата утврдена со закон (член 8, став 2, алинеја 2).
Со Законот се утврдени и правата и обврските на практикантот и работодавачот. Имено, со членот 9 од Законот предвидени се правата на практикантот за време на практикантската работа, а со членот 10 обврските. Со членот 11 утврдени се обврските на работодавачот во однос на ангажирање на практикант.
Со членот 12 е предвидено дека за ангажирање на практикант кај работодавачот мора да има потпишан договор за практикантство од двете страни и тоа пред да се започне со практикантска работа, во кој ќе се уредат односите, правата и обврските помеѓу страните (став 1). Со ставот (3) од истиот член се предвидува условите за склучување на договор за практиканска работа со лице помладо од 18 години, односно договорот да го потпише и родителот, односно старателот на практикантот.
Договорот за практикантство може да биде склучен за полно или работно време пократко од полното работно време, во зависност од волјата и потребите на двете страни ( став 4). Со ставот 5 се забранува склучување на договор за практикантство за замена на постојно работно место, а за време на практикантската работа практикантот не ги губи правата по основ на невработеност и правата од областа на социјална
заштита утврдени и стекнати согласно закон (став 6).
Со членот 13 се пропишува содржината на договорот за практикантство, односно сите наведени елементи од овој член треба да бидат содржани во договорот за практикантската работа.
Со Законот ( член 14) се предвидени и условите кога може да престане договорот за практикантство ( став 1), како од страна на практикантот (став 2), така и од страна на работодавачот (став 3), при што договорот може да се раскине во рок од најмалку 5 дена од доставување на писмена изјава за раскинување од една договорна страна до другата договорна страна (став 4).
Со членот 15 од Законот е предвидено работодавачот да води електронска евиденција за практикантите, на ист начин како за останатите вработени.
Со Законот се предвидени одредби за едукација, прекршочни одредби, одредба за одмерување на глоба и одредба за водење на прекршочна постапка (од член 20 до 24).
Целиот текст на предлог законот можете да го погледнетеТУКА