Што предвидува Предлог Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Што предвидува Предлог Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Состојбата во РепубликаСевернаМакедонија во периодот од 2007 до 2017 година ја одбележаа масовните поплаки и претставки на граѓаните за груби повреди или одземања на уставните и законски загарантираните слободи и права. Од година во година се зголемуваше бројот на вакви случаи, создавајќи состојба на лична, имотна и правна несигурност на граѓаните.

Се создаде општествена свест дека во Република Северна Македонија не владее правото, туку интересите на водството на владеечката партија. Се срушија столбовите на уставниот поредок – граѓанинот, неговите слободи и права и принципот на поделба на власта,како темелна вредност на уставниот поредок и парламентарната демократија. Извршната, законодавната и судската власт сепоистовети со едно- лидерот и водството на владејачката партија.

Перцепцијата дека правдата во Република СевернаМакедонија не е достапна,остварлива и видлива секојдневно добиваше потврда во се помасовните кршења на човековите слободи и права во сите области, особено во судството, како и во постапувањето на Јавното обвинителство и МВР. Вербата во системот и владеењето на правото исчезна. Масовните и насилни облици на повреда на правата и слободите беа констатирани во сите годишни Резолуции на Европскиот парламент за Република СевернаМакедонија; Извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија; Извештаите на експертскиот тим на ЕК предводен од Рајнхард Прибе од 2015 и 2017 година; Годишните извештаи на Стејт Департментот; ОБСЕ и ОДИХР, ГРЕКО, Хелсиншкиот комитет за човекови права и други меѓународни владини и невладини организации. Посебно беа нагласени оценките за споеност на партијата со државата,постоење на политички монтирани или мотивирани процеси, како и политички притвореници и затвореници.

Потребата од носење на еден ваков закон е наметната од масовноста на ваквата појава на грубо кршење на основните и природни човекови правакои се иманентни на човекот воденешно време и кои се гарантирани не само со нашиот правен поредок (уставот и законите), туку и со низа меѓународни акти вградени во сите демократски општества за какво претендира да е нашето.Такви се  Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и низа останати меѓународно-правни инструменти.

Бидејќи во Македонија се спроведоа и правосилно завршија многу судски процеси во кои не се почитуваа општоприфатените стандарди на судење, односно определени суштински компоненти на правичното судење, со точно утврдување на фактичката состојба со докази обезбедени врз основа на закон, со постоење на правото на „еднаквост на оружјата“ и слично, тие постапки и процеси неможе да се сметаат за целосно легални и легитимни, како и последиците кои настанале како резултат на истите.

Со повторувањето на тие постапки повторно ќе се воспостави предходната положба на осуденото лице како рамноправен граѓанин, ќе се возобноват одземените права, а со тоа ќе се врати и честа и угледот на граѓанинот. Притоа, не станува збор за рехабилитација, туку укинување на правните последици на пресудата и нејзино повторување од почеток со возобновени права согласно позитивните прописи на Република СевернаМакедонија.

Ваквата потреба од донесување на Законот ќе овозможи обесправените граѓани  врз основа на овој закон да ја повторат постапката со единствена цел да имаат право во однос на обвинението, пред непристрасен суд, во законита постапка да ја спротивстават својата одбрана со изнесување факти и докази кои одат во нивна корист, а судот врз основа на утврдени докази обезбедени во законска процедура, дадонесе пресуда заснована на закон.

Носењето на ваков закон има и широко опшествено значење, бидејќи ќе се стави до знење на сите кои ја имаат власта или аспирираат за истата дека  злоупотребата на човековите права со цел да се востанови една идеологија на власта неможе да биде темел на државата.

Кривичното право по својата природа најмногу задира во човековите права и слободи и претставува моќен механизам, но токму затоа мора и дасе води сметка како се користи и во која мера служи како средство за пишување, но и своевидна ревизија на историјата.

Кај нас се чини сè уште не е избришана матрицата „кој не е со нас, тој е против нас”. Кај нас сè уште суштествува девизата дека „сите се шпиуни освен власта која единствено диши за државата и народот“. Токму ова е причината на потребниот обем за повторување на одредени постапки како неспорни жртви на политичката репресија и потребата од нивно расветлување од кривично-правен аспект.

Само со унапредување на ваквите процеси, каков што е и овој Предлог-закон за лицата осудени од политички и коруптивни мотиви ќе се надмине политичкото манихејство и потенцијално ќе се сопрат поделбитево општеството кои го разоруваат македонското национално битие.

Со носењето на еден ваков закон не се создава состојба на поклопување со Законот за кривичната постапка, бидејќи овој закон регулира право на повторување на постапката на правосилно завршени постапки, но само врз основа на дополнително откриени докази кои се основа да се утврди поинаква фактичка состојба од таа која се утврдила во пресудата.

Овој Предлог-закон определува основи за повторување на постапката  во која се прекршени човековите права, се донесени одлуки со неправилна примена на правото и селективна и пристрасна оценка на доказите и фактите во постапките што правосилно се завршени, а со тоа се осудени лица кои преставуваат жртви на досегашната политичка репресија.

Почитувањето на основните човекови права и слободи е нераскинливо поврзано со процесот на европската интеграција на земјата, за што говорат и низа заклучоци на Советот на ЕУ изминативе години, кои укажуваат на обврската за целосно почитување на загарантираните права и слободи утврдени со устав, закон и ратификуваните меѓународни документи. Сето ова преставува камен темелник за понатамошно градење на демократско опшество што престваува неодложен услов за развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република СевернаМакедонија и евро-атлантската заедница.

Во оваа насока, Владата на Република СевернаМакедонија почнувајќи од 2005-2006 година подготвува детален план- Национална програма за усвојување на правото на ЕУ,со кој се утврдуваат сите клучни политики, одлуки и законски прописи, и нивната динамика на носење и усогласување, а кои се во правец на приближување на Република СевернаМакедонија кон Европската Унија. Притоа, Владата ги зема предвид Процесот за стабилизацијаи асоцијација, како и обврските од пристапниот дијалог на високо ниво и итните реформски приоритети.

Основна цел за донесување на законот е доследно почитување на темелните уставните начела: основните граѓански права на живот и слобода, правото на презумпција на невиност,како и утврдените загарантирани права со процесните закони и постапки, во однос на реалното почитување на така утврдените права од страна на судовите кои треба да бидат гарант на почитувањето на законите, правата и заштитата на имотот и физичкиот и моралниот интегритет на граѓаните на Република СевернаМакедонија.

Масовноста на  појавата на кршење на основните човекови права, водењето на монтирани политички процеси, како и изрекувањето на драконски казни затвор, конфискацијата на имот, но и губењето на животот во одредени случаи се основните цели врз кои се заснова овој закон.

Постапката која е предвидена во овој предлог закон е гаранција за универзалната важност на основните човекови права на граѓаните, од една страна, и пораката дека неможе да опстои инструментализација на судството во насока на остварување на политички и коруптивни цели на една политичка група, од друга страна.

Предлог законот ги опфаќа сите кривични и други судски постапки чии одлуки се донесени спротивно на принципот на владеење на правото и почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, со неправилна примена на правото и со селективна, пристрасна и неточна оценка на фактите и доказите со повреда на правата на осудените, ќе се повторат ако постои:

  • повреда на правото на еднаквост на слободите и правата со кршење на правото на слобода и правото на живот;
  • повреда на правото на неприкосновеност на физичкиот и моралниот интегритет;
  • повреда на начелото на презумција на невиност во постапката;
  • повреда на принципот – гаранција за сигурноста и тајноста на личните податоци;
  • злопупотреба на заштитен сведок со користење на лажен сведок, полициски или агент-провокатор;
  • злоупотреба на посебните истражни мерки со неовластено пресретнувањена комуникации;
  • злоупотреба на институтот спогодба со овластениот тужител со присилба  на осудените за потпишување спогодба за казна, и употреба на спогодбата како доказ на штета на другите лица кои учествувале во истата постапка;
  • неправилна примена на правото;
  • злоупотреба на системот за распределба на судските предмети (АКМИС);
  • повреда на правото на одбрана и
  • во сите други случаи на фабрикување или монтирање на факти и  докази.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико