Правдико

   

Што предвидува предлог Законот за заемно признавање на професионалните квалификации

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овој  закон ги утврдува компетентните власти, нивните надлежности,  односно  процесот на признавање на професионалните квалификации во Република Македонија, како дел од процесот на усогласување на националното законодавство во делот на право на основање и слобода на давање услуги во земјите членки на ЕУ.

Причините за донесување на нов Закон за признавање на професионални квалификации е обезбедување на целосна усогласеност на националното законодавство со одредбите од Директивата 36/2005/ЕЗ, односно целосно уредување на процесот за признавање на професионалните квалификации.

Законот ќе утврди надлежни тела/институции и соодветен сет на правила, процедури кои ќе ја обезбедат и утврдат  слобода на давање на услуги на привремена и трајна основа како и право на основање за физичките лица на територијата на Република Македонија. Исто така овој закон дава значаен придонес за точно регулирање односно признавање на професионалното искуство  кое државјаните членки на Европската унија го имаат стекнато во и вон територијата на унијата.

Преку оваа регулација ќе се обезбеди прегледност и усогласеност на системот на регулирани професии согласно националното законодавство и регулираните активности, по што ќе се обезбеди признавање на професионалните квалификации во Република Македонија:

  • за регулирани професии од општиот систем;
  • за регулирани активности;
  • за секторски професии.

Овој Закон исто така ги одредува правилата за обезбедување услуги на територијата на Република Македонија како и за признавање на професионалните обуки

Цели на предлог регулативата

– обезбедување мобилност на пазарот на трудот  во Република Македонија преку воспоставување односно прифаќање на минимум услови за пристап кон секторските професии ( доктор по општа медицина, доктор по дентална медицина, медицинска сестра за општа нега, акушерка, фармацевт, доктор по ветеринарна медицина и архитект)  како и регулираните професии;

-утврдување на миниум услови и механизми за регулирање на процесот на привремено давање услуги,основање или практикување на една професија на територијата на Република Македонија од страна на државјаните на земјите членки на ЕУ (ЕЕА и Швајцарска конфедерација) како и лица без државјанство на ЕУ кои ја стекнале својата квалификација во некоја од претходно наведените земји.

– подобрување на квалитетот  на образованието  и обезбедување на конкурентни професии преку примена на одредбите од Европското законодавство во делот на минимум потребна обука за секторските професии;

Целосниот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико