Што предвидуваат новите измени во Законот за градење | Правдико

Правдико

   

Што предвидуваат новите измени во Законот за градење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Gradezni-materijali-940x480Со Законот за градење е предвидено учесниците во изградбата на градби (инвеститор, правни лица за проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата), да имаат осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија, која би можела со нивната работа да им се предизвика на инвеститорите или на трети лица, при што годишната осигурена сума за вкупниот број на градби за учесниците во изградбата на градби од прва категорија не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност, а за градбите од втора категорија не може да биде пониска од 5.000 евра во денарска противвредност.

Исто така во постапката за издавање на одобрение за градење е предвидено пред издавањето на одобрението за градење инвеститорот и општината на чие подрачје треба да се гради градбата да склучат договор за уредување на градежно земјиште.

Со предложените одредби се предвидува промена на начинот на осгурувањето за одговорност за штета на учесниците во изградбата на градби (правни лица за проектирање, ревизија на проектна документација, изведување и надзор над изградбата на градби) и се предвидува наведените лица да имаат осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија, поединечно за секоја градба во чија изградба се учесници, а висината на осигурувањето треба да изнесува најмалку 10% од проектираната градежна вредност на градбата утврдена во основниот проект.

Во постапката за издавање на одобрение за градење се предвидува исфрлање на договорот за уредување на градежно земјиште, односно се предвидува инвеститорот надоместокот за уредување на градежно земјиште да го плати еднократно во рок од 15 работни дена од приемот на пресметката за плаќање на надоместокот или пак истиот да го плаќа на рати, со тоа што доколку инвеститорот надоместокот го плаќа на рати истиот е должен во наведениот рок да изврши уплата на првата рата и да достави средство за обезбедување (банкарска гаранција која гласи на вкупен износ на недостасаните рати, наплатлива на прв повик без приговор и чиј рок на важност истекува 30 дена од денот на доспевање на последната рата или востановена хипотека на недвижен имот чија вредност е поголема за 30% од износот на недостигнатите рати во корист на општината).Во таа насока се предвидува  висината и начинот на плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште како и правата и обврските по однос на уредувањето на градежното земјиште да се утврдат во одобрението за градење.

Исто така се предвидува заверката на основниот проект со која се потврдува дека основниот проект е изработен во согласност со прописите за проектирање, урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација или проектот за инфраструктура, да можат да ја вршат само службени лица на надлежниот орган кои се дипломирани инженери архитекти или дипломирани градежни инженери со соодветно работно искуство или кои поседуваат овластување за изработка односно ревизија на проектна документација и се предвидуваат казни за одговорните и службените лица кои нема да ги почитуваат овие одредби од законот.

Треба да се напомене дека се предвидува одредбите за осигурување за одговорност за штета и за стручни квалификации на службените лица да имаат одложна примена односно да започнат со примена од 1 јануари 2016 година.

По однос на градбите  во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Македонија и од правни лица, како и за градбите во индустриски и зелени зони основани од Владата на Република Македонија се предвидува постапката за издавање на одобрение за градење да се спроведува согласно посебните закони односно Законот технолошките индустриски развојни зони и Законот за индустриски-зелени зони.

Целиот текст на предлог измените можете д аго превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико