Што предвидуваат предлог измените на Законот за приватизација и закуп на државно земјиште во државна сопственост
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлог на законот за измени дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост сe дополнува постојниот член 6 според кој градежното земјиште што е во општа употреба (јавни плоштади, улици, сообраќајници, паркови и јавно сообраќајни површини) и градежното земјиште што со актите за урбанистичко планирање со кои се утврдува градежната парцела е наменето за добро во општа употреба е во државна сопственост и не е предмет на приватизација, се прави исклучок за поранешните сопственици и физичките и правни лица кои за стекнатото право на користење платиле надоместок да можат да го приватизираат земјиштето кое со актите за урбанистичко планирање е наменето за добра во општа употреба , а не е реализирано, односно се овозможува на таквото градежно земјиште да се стекне право на сопственост доколку намената на таквото градежно земјиште не е реализирана.
Имено, со оглед дека честопати реализацијата на урбанистичките планови е неизвесна или пак во иднина може да дојде до измена на намената, а од друга страна се работи за корисници кои спрема државата немаат обврска за плаќање надомест, доколку не се овозможи да го приватизираат тоа земјиште би требало да се задолжат со закупнина за градежно земјиште чија реализација може да биде реализирана по подолг временски период или воопшто да не дојде до реализација поради промена на намената, поради што се овозможува овие корисници да го приватизираат тоа земјиште. Со оглед дека се работи за корисници -поранешни сопственици или корисници кои за стекнатото право на користење платиле надомест на кои доколку и користење согласно одредбите од Законот за експропријација, нема пречка на тоа земјиште да стекнат право на сопственост и при евентуална реализација на намената да им биде експорприрано.
Со овој предлог на закон се доуредува и начинот на приватизација на градежното земјиште во случаи кога на градежното изградено земјиште на кое се изградени станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови кои се во сопственост на различни физички или правни лица, во рамките на градежната парцела во еден дел има запишано право на користење во идеален дел на еден или повеќе сопственици а на останотото градежно земјиште нема запишано право на користење на етажните сопственици. Имено, со оваа одредба се овозможува да биде приватизирано ова земјиште во сосопственост на еднакви сосопственички делови. На тој начин ќе се избегне на таквото градежно изградено земјиште дел од корисниците на градежната изградена парцела да стекнат право на сопственост или сосопственост, а на дел заедничка сопственост. Исто така се предвидува можност градежното изградено земјиште да се приватизира во сосопственост на сопственици на посебни објекти изградени со одобрение за градење, кога на градежното земјиште нема запишано право на користење на земјиштето на сопствениците на објектите доколку ги исполнуваат условите од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, односно доколку се корисници на градежно земјиште по сила на закон.
Со предлогот на закон се вршат дополнувања и во делот кој се однесува на начинот на приватизација на градежно изградено земјиште кога за градежното земјиште не е донесен Детален урбанистички план, односно на земјиштето да се изврши приватизација на корисниците на градежното земјиште во рамките на површината под објект врз основа на геодетски елаборат за утврдена фактичка состојба и формирање на посебна катастарска парцела, доколку се исполнетиусловите согласно со овој закон. Исто така се овозможува физичките и правни лица корисници на градежно изградено земјиште да можат да приватизираат согласно овој закон и земјиште сопственост на Република Македонија кое учествува во градежната изградена парцела која е до 500 м2 доколку намената на градежната парцела согласно актите за урбанистичко планирање е објект за индивидуално домување. На тој начин овие корисници се изедначуваат со лицата на кои им се отуѓува градежно земјиште врз основа на легализиран објект согласно Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за
спроведување на постапките за отуѓување и давање во закуп како и засновањето на право на стварна службеност (“Службен весник на Република Македонија“, бр. 158/2013 и 175/2013) донесена како подзаконски пропис на Законот за градежно земјиште.
Се предвидува и можноста за приватизација на градежно изградено земјиште во површина до 500 м2 на сопствениците на објекти кои правото на користење го стекнале по сила на закон односно врз основа на прописите кои важеле до влегувањето во сила на Законот за сопственост и други стварни права и Законот за градежно земјиште од 2001 година доколку ги исполнуваат условите од законот а земјиштето е со намена индивидуално домување. Измената и дополнувањето на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост е во функција за поажурно доставување на списи по предмет по кој е заведен управен спор, со оглед дека од приемот на тужба за управен спор до доставување на предметот за решавање преку второстепениот орган честопати изминува долг временски период а со тоа и одолговлекување на постапките за приватизација на градежното земјиште.
Исто така се доуредува и постапката за воспоставување закуп на градежното изградено земјиште за кое во рокот за поднесување на барање за приватизација не е поднесено барање за приватизација. Имено се предвидува закупот да се воспоставува само на градежното изградено земјиште. Истовремено правото на користење градежното земјиште Агенцијата за катастар на недвижности во рокови определени со овој закон а по истекот на рокот за поднесување барање за приватизација ќе го избрише од катастарот на недвижности.
Со овој предлог на закон се превидува и можност на поранешните сопственици и физичките и правните лица кои за стекнатото право на користење на градежното земјиште платиле надоместок, а по чии барања за приватизација се донесени правосилни управни акти со кои барањето согласно врз основа на постојниот членот 6 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост им било одбиено да поднесат ново барање за приватизација во рокот утврден со овој закон.
Истовремено со овој Предлог на закон се предвидува рокот за поднесување на барање за приватизација да биде до 15 декември 2014 година.
Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА