Што предвидуваат предлог измените во Изборниот законик | Правдико

Правдико

   

Што предвидуваат предлог измените во Изборниот законик

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Изборниот законик на Република Македонија се уредени начинот, условите и постапката за избор на претседател на Република Македонија, за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје, начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места.

Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик на Република Македонија се заснова врз основните начела и гаранции наведени во Уставот на Република Македонија (чл. 22) и во Изборниот законик (чл. 3), кои уште одамна се препознаени како суштински карактеристики на избирачкото право во развиените демократски земји: општо, еднакво, непосредно и тајно избирачко право.

Примарната цел на Законот е во создавањето услови за натамошно јакнење на политичкиот плурализам како една од главните одредници за демократскиот поредок на државата, преку востановување гаранции за ефикасно остварување на правата на граѓаните и оживотоворување на идејата за претставничката демократија во нејзината вистинска смисла и значење. Со предвидените законски решенија се овозможува надминување на бројните негативни реперкусии по однос на демократските процеси на државата и тоа, по пат на редизајнирање на постојниот изборен модел, чијашто примена во битна мерка, ќе придонесе за редуцирање на можностите за кршење на изборните правила, а пак, составот на законодавниот дом ќе претставува реален одраз на волјата на граѓаните.

Со измените кои се предлагаат се предвидува измена на членот 4 од Изборниот законик, така што, наместо досегашната поделба на државната територија на шест изборни единици, се оди кон акцептирање на моделот цела државна територија – една изборна единица. Евидентно е дека во последнава децинија, македонскиот политички систем премина од повеќепартиски ситем кон биполарен систем, во кој две главни 13 политички опции ја делат власта.

Она што посебно загрижува, се должи на самиот факт дека при последните избори, политичкиот систем во земјава скоро и да ги понесе сите суштински карактеристики на биполарен систем, со една доминантна политичка опција, слично на пропорционалниот систем на Јапонија. Тоа, првенствено се огледна низ слабата улога на опозицијата, која како една стара политичка елита, повеќе нема што да понуди на широките народни маси, препуштајќи ја полека својата моќ, на другата – владеачка политичка опција. Еден од најбезболните начини за враќање кон политичкиот плурализам е токму оној кој налага ревидирање на одредбите од Изборниот законик, во насока на адоптирање на решението според кое целата државна територија би се обликувала во една изборна единица со отсуство на изборен праг, како би им се овозможило и на помалите и на малцинските политички опции да го остварат своето право на претставување.

Крајниот исход од реформата на изборниот систем и те како е во интерес на самите граѓани: тие нема да го дадат својот глас поради нечии интереси, туку водејќи сметка за сопствените интереси! Доколку се следат трендовите на државите од поблиското и од поширокото соседство, без особени потешкотии може да се констатира дека повеќето од нив следат тенденција на прифаќање на овој модел и како резултат на тоа, бележат позитивни тенденции на јакнење на политичкиот плурализам

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико