Што претставува дискриминацијата врз основа на инвалидитет?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Директивата за еднаквост при вработување не го дефинира поимот инвалидитет, ниту пак дава упатства кои лица треба да бидат заштитени од дискриминација врз основа на инвалидитет. Македонија може да ги продлабочи минималните барања поставени од директивата при бранењето на овие концепти во рамките на нејзиниот национален закон.
Според ЕСП, Директивата за еднаквост при вработување, исто така, треба да ги штити луѓето кои се директно дискриминирани или вознемирувани, не врз основа на нивниот инвалидитет, туку бидејќи се споредувани со лице со инвалидитет.
Значењето на поимот инвалидитет
ЕСП го дефинира инвалидитетот како „ограничување коешто произлегува од физичко, умствено или психолошко нарушување и кое го попречува учеството на засегнатиот поединец во професионалниот живот. Со цел истото да му припадне на концептот на „инвалидитет“ треба да биде проценето како долготрајно ограничување“.
а. Физички, умствени или психолошки нарушувања
Според ЕСП, инвалидитетот претставува физичко, умствено или психолошко нарушување. Физичките нарушувања можат да подразбираат нарушувања на сетилата, на пример видот и слухот, срцево заболување, шеќерна болест, епилепсија, парализа на екстремитетите итн. Умствените нарушувања можат да подразбираат потешкотии при учењето, дислексија, Алцхајмерова болест итн.
Психолошките нарушувања можат да вклучуваат нарушено ментално здравје и состојби како шизофренија, депресија, агорафобија итн. Дефиницијата на ЕСП е сосредоточена на здравствениот статус или нарушување на поединецот, а не на чинот на дискриминација којшто произлегува од истиот.
б. Ограничување
Според ЕСП концептот на „боледување“ подразбира „инвалидитет“, и Директивата за еднаквост при вработување не ги штити работниците од дискриминација врз основа на инвалидитет штом добијат каква било болест. Ова ги исклучува од заштита краткорочните болести кои не оставаат трајни последици.
в. Долготрајност
Со цел ограничувањето да се вклопува во концептот на „инвалидитет“, истото мора да трае долго време. Не постои појаснување на поимот долготрајност. Според Законот против дискриминација врз основа на инвалидитет усвоен во 1995 година во Велика Британија, за лице со инвалидитет се смета „лице кое има физичко или умствено нарушување што има значителен и долгорочен негативен ефект врз неговата способност да извршува нормални секојдневни активности“. Долгорочен ефект подразбира дека ефектот од нарушувањето мора веќе да трае или да продолжи да трае најмалку 12 месеци.
д. Попречено учество
Директивата за еднаквост при вработувањето му придава важност на прилагодувањето на работното место кон потребите на лицето со инвалидитет; па оттаму учеството на работното место мора да биде попречено од инвалидитетот подолг временски период.
Директна дискриминација
Ова се случува кога некое лице е понеповолно третирано од друго, било или ќе биде доведено во ситуација на неповолно споредување врз основа на инвалидитетот.
Примери:
• Обуките на работното место се одржуваат во салата за состаноци на вториот кат од зградата. Зградата нема лифт и работникот кој користи инвалидска количка е исклучен од обуката.
• Жена со трајно оштетен вид не е предвидена за работно место кое подразбира работа со компјутери. Работодавецот погрешно претпоставува дека лицата со трајно оштетен вид не можат да се служат со компјутери и не прави обиди да го разгледа подетално нарушувањето на жената. Работодавецот ја третира жената понеповолно од останатите со тоа што не ја зема предвид за тоа работно место. Тој нема да се води по истата претпоставка доколку стане збор за лице без инвалидитет.
• Маж со инвалидитет кој користи инвалидска количка се пријавува за работа. Тој е во состојба да ја извршува работата, но работодавецот мисли дека инвалидската количка ќе претставува пречка во канцеларијата. Тој го доверува работното место на друго лице кое не е посоодветно за работното место, но не користи инвалидска количка.
Индиректна дискриминација
Индиректната дискриминација врз основа инвалидитет се случува кога навидум неутрална одредба, критериум или пракса го става или ќе го стави некое лице со инвалидитет во понеповолна положба во споредба со останатите. Ова се смета за незаконска индиректна дискриминација, освен доколку:
• одредбата, критериумот или праксата не можат да бидат објективно оправдани (т.е. поткрепени со доказ) со оправдана цел, а средствата за постигнувањето на таа цел се соодветни и неопходни. Или,
• работодавецот не создаде услови и капацитети на работното место за лицата со инвалидитет во согласност со националниот закон.
Пример:
• Работодавецот практикува исклучување на сите животни од работното место. Лице со оштетен вид коешто го носи на работа своето куче не е во можност ефикасно да ја извршува својата работа. Освен ако одлуката на работодавецот не е оправдана, посочениот пример се смета за незаконска индиректна дискриминација врз основа на инвалидитет.
Оправданост на индиректната дискриминација врз основа на инвалидитет
Пример:
• Продавач во мала продавница којшто има нарушено ментално здравје, секогаш во текот на неделата бара да биде ослободен од работа со цел да оди на психотерапија. Работодавецот нема други вработени кои би го замениле вработениот додека тој е отсутен, а би било неекономично за него да вработи дополнителен персонал. Доколку работодавецот му го одбие барањето на вработениот неговата причина може да се смета за оправдана.
Извор: http://www.mtsp.gov.mk
Поврзани статии:
– Поволности при вработување на инвалидни лица
– Огласите за вработување полни со нерамноправост
– Анализа на дискриминациските практики во областа на вработувањето и работните односи
– Правна анализа: Вработување на лицата со хендикеп во РМ
– Дискриминација во огласите за вработување
– Прирачник за обука на тема дискриминација
– Прирачник за спречување на дискриминација во воспитно-образовниот систем
– Водич за основи за дискриминација
– КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните
– Обука на обучувачи за концептот на еднаквост и недискриминација
– Постапка по претставка до Комисијата за заштита од дискриминација