Што претставува Европскиот економски-социјален совет? | Правдико

Правдико

   

Што претставува Европскиот економски-социјален совет?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

488px-EESC_logo.svgЕвропскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е советодавен орган на Европската Унија, кој ги вклучува претставниците на различните интересни групи во цивилното општество,да учествуваат  со своите студии, препораки и совети да ја помагаат работата на Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

ЕЕСК е основан во 1957 година. Со договорот од Рим овој комитет е основан како механизам со кој интересните групи на цивилното општество ќе се вклучат во заедничкиот пазар и ќе се воспостави комуникација меѓу економските и општествените актери и институциите во ЕУ. Комисијата, Советот и Парламентот на ЕУ се должни да го консултираат Комитетот при донесувањето одлуки во областа на економската и социјалната политика.

ЕЕСК од своја страна може  да дава предлози во врска со сите други прашања по  сопствена иницијатива. ЕЕСК има 317 членови од сите држави во ЕУ, со тоа што бројот на претставниците од секоја држава  се одредува сразмерно на бројот на жителите.

Членовите на ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општество и тоа : работодавачи, вработени и граѓански здруженија.  Членовите ги предложуваат националните влади, а ги поставува Советот на ЕУ со мандат од четири години. Секои две години ЕЕСК избира Управен одбор, кој има 37 членови.

Комитетот се состанува на пленарна седница, која се одржува еднаш годишно. Во меѓувреме работните групи во Комитетот одржуваат постојана комуникација со економските и социјалните совети на национално ниво, со тоа што прибираат информации и организираат заеднички дискусии.

ЕЕСК разви широка соработка со економските и социјалните совети ширум светот. Со овие совети секоја втора година организира заеднички состанок од меѓународен карактер.

Комитетот е поделен на шест секции, кои се занимаваат со различни области од економскиот и општествениот живот. Тоа се NAT групата, за земјоделството, руралниот развој и заштитата на животната средина; во групата ECO се економската и монетарната унија и економската и општествената кохезија; во SOC групата се политиката на вработување, социјалните прашања и граѓанските прашања; INT е за заедничкиот пазар, производството и потрошувачкото општеств; TEN е за транспортот, енергијата, инфраструктутрата и информатичкото општество и REX е за надворешни работи.

Во рамките на REX групата постојат делегации за различни региони од интерес за ЕУ, меѓу кои е и контакт – групата за Западен Балкан. Задача на оваа контакт – група е да одржува и да ги развива односите со цивилното општество и со економските и социјалните совети во региониот. Им помага да воспостават односи со институциите на ЕУ и учествуваат во процесите на стабилизација и придружување. Пред неколку години во организација на оваа работна група е одржан прв Форум на цивилното друштво на земјите на Западен Балкан.

Двапати годишно ЕЕСК објавува конкурс за објавување приправнички стаж во траење од пет месеци.

Извор: http://www.orm.org.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико