Што претставува половата дискриминација? | Правдико

Правдико

   

Што претставува половата дискриминација?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imagesДиректна полова дискриминација

Директната полова дискриминација се јавува кога одредено лице е понеповолно третирано од останатите врз основа на полот, односно било или ќе биде изложено на ситуација на неповолно споредување. Таа вклучува понеповолен третман кога се работи за брачен или семеен статус.

Примери на директна полова дискриминација:
• На градежна инженерка и` е одбиено барањето за работа во градежната  индустрија, бидејќи сопственикот има застарени сфаќања дека тоа е „машка работа“ која е несоодветна за жени. Градежниот инженер не се соочува со оваа предрасуда и не е третиран понеповолно при конкурирањето за работното место.

• Жена е отпуштена од работа поради нејзината бременост. Незаконски е да се отпушти вработена бидејќи е бремена или истата да се испрати како технолошки вишок или да се искористи нејзиното заминување на  породилно отсуство за да се оправда нејзиното отпуштање.

• На кандидатка за време на интервјуто за работа и` се поставуваат прашања за нејзините домашни обврски и грижата за нејзините деца, додека на кандидат никогаш не му се поставуваат истите. Потоа, мажот се смета за подобар кандидат за тоа работно место од жената. Работодавецот носи одлука која се темели на дискриминаторската претпоставка дека жената нема да биде способна да ја извршува работата.

• Мажите мораат да платат за да влезат во дискотека, додека за жените  влезот е слободен.

Индиректна полова дискриминација

Индиректната полова дискриминација се јавува кога жените и мажите се навидум третирани еднакво, но ефектот од одредени барања, услови или пракси наметнати од страна на работодавецот или давателот на услуги ги ставаат жените или мажите во неповолна положба. Иако се чини дека барањето подеднакво се однесува на мажите и жените, праксата покажува дека жените секогаш се ставени во понеповолна положба, бидејќи тие не се во состојба да му излезат во пресрет на барањето.Освен доколку барањето не е објективно оправдано (т.е. поткрепено со доказ) со оправдана цел и средствата за постигнување на таа цел се соодветни и неопходни, горенаведеното се смета за незаконска индиректна дискриминација.

Примери:
• Кога треба да се испраќаат работници како технолошки вишок, работодавецот прво ги одбира хонорарните работници наместо работниците со полно работно време. Бидејќи постојат повеќе жени хонорарни работници отколку мажи, оваа пракса претставува непропорционално штетно влијание врз жените. Освен доколку работодавецот може да ја оправда оваа негова пракса таа се смета за незаконска индиректна полова дискриминација.

• Полициските сили имаат поставено стандарди за назначување на полицајци, кандидатите мораат да бидат високи најмалку 1.78 см. Ова барање се однесува подеднакво на сите кандидати, но бидејќи жените кои одговараат на тоа барање се малкубројни. Тоа има непропорционално штетно влијание врз жените и освен доколку не е оправдано се смета за незаконско.

Примери за оправдана индиректна дискриминација при вработување:

• На една компанија и` беше дозволено да го одбие барањето за хонорарно извршување на рецепционерска работа од страна на вработена по нејзиното породилно отсуство поради тоа што нејзиното работно место бара континуитет и познавање на муштериите, и неопходно е истата да биде информирана, искусна рецепционерка со полно работно време.

• На казненопоправна установа и` беше дозволено да одбие да го одбие барањето за хонорарна работа од страна на жена по нејзиното породилно отсуство поради недостаток на средства и ресурси. Иако работодавецот го разгледа нејзиното барање и и` даде соодветна работна понуда за да и` излезе во пресрет, понудата беше одбиена од страна на персоналот.Постоеја економски препреки за да и` се овозможи на жената партнер во работата, како и фактот дека со тоа би дошло до намалување на буџетот.

Примери за оправдана индиректна дискриминација при снабдување со добра и услуги:

Дозволено е да се снабдуваат со добра и услуги ексклузивно или првенствено припадниците на еден пол, но под услов за тоа да постои оправдана цел и средствата за достигнување на истата да се соодветни и неопходни.

Оправданите цели вклучуваат:

а. Обезбедување засолништа за заштита на жртвите на полово насилство од ист пол;

б. Заштита на приватноста (како во случај кога некое лице нуди сместување

• во одреден простор од неговиот дом) и пристојноста (на пример, во сауни

• или во случаи кога станува збор за чувствителни прашања во однос на

• културните разлики, на базени и други места за спортување);

в. Промовирање на полова еднаквост или еднакво третирање на интересите

• на мажите или жените (на пример, снабдување само на лицата од еден пол
• поради безбедносни причини, како посебни такси услуги за жени, или
• спротивставување на ефектите од стереотипите кои се однесуваат на
• жените (или мажите), на пример, авто-школа во која работат инструкторки
• или курс за готвење наменет само за мажи со деца;

г. Слобода на здружување (во случаи на членување во приватни клубови наменети за лица од ист пол);

д. Организирање на спортски активности (на пример, спортски настани  во кои учествуваат лица од ист пол).

Директивата, исто така, гарантира дека принципот на еднаков третман при снабдувањето со добра и услуги не подразбира дека секогаш треба да се обезбедат подеднакви понуди за мажите и жените, сè додека припадниците на еден пол не се привилегирани во однос на снабдувањето.

Извор: http://www.mtsp.gov.mk

Поврзани статии:

– Дискриминација во огласите за вработување

– Прирачник за обука на тема дискриминација

– Прирачник за спречување на дискриминација во воспитно-образовниот систем

– Водич за улогата на Комисијата за заштита од дискриминација во судска постапка и преминување на товарот на докажување

– Водич за основи за дискриминација

– КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните

– Обука на обучувачи за концептот на еднаквост и недискриминација

– Постапка по претставка до Комисијата за заштита од дискриминација

– Што претставува дискриминацијата врз основа на инвалидитет?

Препорачуваме

Партнери на Правдико