Што сакаат демонстрантите во Хонгконг? | Правдико

Правдико

   

Што сакаат демонстрантите во Хонгконг?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хонгконг не е демократски уреден, но има развиено цивилно општество. Во колкави размери тоа може да ги продвижи работите, покажува сега движењето „Окупирај Централ“. Тоа не попушта додека не се реализираат барањата.

0,,17966888_303,00

„Окупирај Централ“ не е организација со цврста структура, туку спонтано настанато движење. На негово чело се тројца водачи, меѓу кои и Бени Таи (50 години), професор-асистент на универзитетот во Хонгконг. Таи на почетокот на 2013 година објави текст под наслов „Цивилната непослушност како ефикасно оружје“. Во него тој објасни дека на граѓаните на Хонгконг им требаат слободни избори, како и дека владата во Пекинг најдобро ќе ја стават под притисок ако го блокираат финансискиот центар и владиниот кварт. Таи наиде на голема поддршка кај населението, околу 25 проценти го поддржуваат движењето.

Слободни избори и реформи

Во суштина, движењето има две цели: првата е повлекување на одлуката донесена на Народниот конгрес во Пекинг на крајот на август. Според неа, за кандидатите за изборите на премиер не одлучуваат жителите на Хонгконг, туку предселекцијата ја прави 1200-члениот Комитет. Максимално тројцата кандидати треба да бидат избрани со мнозинство гласови на Народниот конгрес. Бидејќи Пекинг притоа инсистира кандидатите да имаат „патриотска ориентација“, демократите всушност немаат никкава шанса да постават премиер. Со тоа Пекинг сака да го обезбеди своето влијание врз ограничената демократија во Конгконг. Демократите, напротив, бараат или слободни избори или барем задржување на сегашнот правило, според кое премиерот е утврдуван од изборен комитет во Хонгконг.

Втората цел на протестното движење е содржана во барањето, владата во Хонгконг да спроведе политичка реформа во правец на натамошна демократизација и да го преработи веќе поднесениот извештај за политички реформи, кој на Националниот конгрес му служеше како основа за донесување на спорната одлука. Актуелниот премиер Леунг Чун-јинг во саботата (28.09.2014) најави подготвеност да разговара со народот во врска со тоа.

Поддршка од студентите

Студентите се најсилниот столб на движењето „Окупирај Централ“. Тие се релативно добро организирани преку студентските здруженија и поврзани со модерни средства. Тие на 22 септември организираа еднонеделен штрајк, на кој на крајот учествуваа и учениците. Тие се водени од идеали, сакаат на владата да и‘ покажат каде греши, за таа цел се подготвени на жртви и плаќаат цена преку штрајкот, велат познавачите, како универзитетскиот професор Ченг.

На завршниот собир во неделата утрото (28.09.2014) Бени Таи ги повика околу 50.000 присутни студенти: „’Окупирај Централ’ почнува сега!“ Следеа бројни апсења на студенти и ученици. Првично, движењето планираше блокирање на владиниот кварт и финансискиот центар за денеска, 01.10.2014, на 65-годишнината од денот на основањето на Народна Република Кина. За да ги растера демонстрантите, полицијата употребуваше солзавец. Главните улици треба да бидат блокирани најмалку до в понеделник. Берзата работи и натаму, но поради протестите индексот Ханг-Сенг доживеа пад. Владиниот кварт е парализиран.

Студентите се решени да не потклекнат пред насилството од владина страна. Тие сакаат да ги продолжат протестите, иако во меѓувреме специјалните сили се повлечени и наместо нив се поставени полицајци во нормални униформи.

„Хонгконг нема да стане безимен кинески град“

Колку е реално остварувањето на двете централни цели на протестното движење? Според хонгконшкиот новинар Кви Женха, двете страни од безредијата ќе излезат со последици. Неверојатно е движењето да постигне успех, а Пекинг да се повлече. Напротив: јазот ќе се продлабочи. Тоа ќе биде висока цена која ќе ја платат двете страни. Професорот Ченг не гледа речиси никакви шанси Пекинг во догледно време да ја повлече својата одлука за изборната постапка за премиерската функција во Хонгконг. Борбите за демократски права според него имаат големо значење, зашто токму поради нив студентите излегоа на улиците. Но, сега се во прашање основните права, човековото достоинство: „Нема да се откажеме од основните вредности. Не сакаме да бидеме послушен народ. Не сакаме Хонгконг да се претвори во безимена кинеска метропола“.

Извор: Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико