Што се подразбира под авторско дело? | Правдико

Правдико

   

Што се подразбира под авторско дело?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

images3Нашиот Закон за авторски и други стварни права авторското дело го дефинира како интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма. За авторски дела се сметаат особено:

1) пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа и други дела од иста природа);

2) компјутерска програма, како пишано дело;

3) говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа);

4) музичко дело, со или без текст;

5) драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело;

6) фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;

7) аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со подвижни слики);

8) дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго);

9) дела од архитектурата;

10) дела од применетата уметност и дизајнот и

11) картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата и науката.

Од горенаведеното може дека како главни области кое се потенцираат се книжевноста, науката и уметноста кои само по себе опфаќаат доста широк спектар на автроски дела кои настануваат како резилтат на интелектуалното творење на човекот. Како главна карактеристика на авторското дело е тоа што тоа мора да биде создадено и творба на човек, а не на машина или на животни.

Авторското дело без разлика на начинот на негово изразување и претставување треба да има определена форма која може да се јави како план или скица за некое авторско дело како скиза за уметничко дело, сценарио за филм и слично кое допрва треба да се составува или пак во форма целосно материјализирана како ракопис на некое научно дело, план за некое архитектонско дело и слично. Во двата случаи авторското дело ужива авторско – правна заштита. Важно е да се напомене дека идејата како еден вид концепција за создавање на авторско дело самата неизразена во некоја форма не ужива авторско – правна заштита. Важноста на формата на авторското дело се потенцира за полесно определување на идентитетот на авторското дело.

Составниот дел на авторското дело, како и насловот на делото, доколку само по себе претставува интелектуална и индивидуална творба, се смета како посебно авторско дело. Користењето на насловот кој веќе бил употребен за дело од ист вид и кој би довел до создавање забуна во однос на авторското дело се смета за повреда на авторското право, додека користење на насловот на делото како ознака за стока може да претставува и дело на нелојална конкуренција.

Како авторско дело се смета и збирка на авторски дела, на дела од народното творештво, на податоци или на други материјали, коишто според изборот и распоредот на составните делови претставуваат индивидуална и интелектуална творба, како што се: енциклопедија, антологија, зборник, музичка збирка, збирка на фотографии, мапи, изложба, поставка, збирка на документи и други збирки.

Како авторско дело, во смисла на Законот за авторското право и сродните права, не се сметаат:

1) идеите, теориите, концептите, методологиите на работа или математичките концепти, независно од начинот на објаснувањата или изразувањата;

2) службените текстови од политичка, законодавна, административна и судска природа и нивните службени преводи;

3) дневните и други вести кои имаат карактер на обични – медиумски информации, едноставни факти и податоци и

4) идеите и концепциите што претставуваат основа за кој било елемент на компјутерска програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинската опрема (интерфејси).

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Уметноста и авторското право

– Авторско право и сродни права за електронски медиуми

 Кога можете да користите авторско дело без надомест

Партнери на Правдико