Што се предвидува со НОВИОТ Закон за извршување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бројните законски измени, динамичниот правен промет и постојаниот техничко технолошки развој создаваат проблеми и недоречености во примената на постојниот Закон. Заради тоа се предлага донесување на целосно нов Закон за извршување, во правец на прецизирање на законските одредби во делот на постапувањето на извршителите при спроведување на извршувањето, надминување на проблемите со различното постапување на извршителите и пропишување на јасни законски одредби во насока на ефикасно спроведување на извршувањето.
Нацрт на Законот за извршување има за цел прецизирање на досегашните одредби од постојниот закон, пополнување на правните празнини, номотехничко и содржинско преуредување на структурата на законот, проширување на надлежноста на извршителите со воведување на вонсудска наплата на долгови врз основа на веродостојна исправа, воведување на електронско полагање на испитот за извршители, допрецизирање на одредбите за дисциплинската постапка, дисциплинските повреди и дисциплинските мерки, како и допрецизирање на одредбите кои доведуваа до различна примена од страна на извршителите при спроведување на извршувањето.
Нацрт на Законот за извршување ќе има исклучително позитивни економски влијанија, со оглед на фактот што истиот овозможува уште побрза, и поефикасна наплата на побарувањата на доверителите, што овозможува побрз обрт на средставата во стопанството и подбра бизнис клима. Воедно, со новото законско решение се создаваат дополнителни трошоци за извршителите, кои ќе треба да обезбедат квалификуван сертификат издаден од овластен издавач (електронски потпис)
Целиот текст на новиот Нацрт текст на Законот за извршување можете да го превземете ТУКА