Што се предвидува со новите предлог-измени на Законот за ДДВ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Законот за данокот на додадена вредност е воведен данокот на додадена вредност како општ потрошувачки данок и се уредува неговото пресметување и плаќање. Со законот се определува: предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, како и казнените одредби.
Со измените на Законот за данокот на додадена вредност се предлага да се изврши нормативно подобрување на одредбите во делот кој се однесува на тоа што се подразбира како промет на добра и услуги, во случаи при прометот од страна на закупeцот кон закуподавачот во случај на инвестициско вложување во туѓ објект (објект на закуподавачот), кој се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник (закупец), како и вградување на посебна даночна основица при такви видови на промети.
Истото така заради надминување на правни нејаснотии во примената на прописите кај даночните обврзници, при преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата, согласно Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, се пропишува одредба со која во таков случај доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто, за промет да се смета прометот од должникот непосредно кон стекнувачот на доброто. Во функција на подобрување на наплататa на данокот на додадена вредност, при преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата согласно Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно Законот за извршување, се
предлага одредба според која во случај кога должникот е регистриран за данокот на додадена вредност, пресметувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност на прометот на добрата кои се предмет на продажба во овие постапки, во име и за сметка на должникот да го врши субјектот надлежен за присилна наплата, односно присилно извршување.
Согласно постојното законско решение сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот, обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност. Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се предлага намалување на прагот на регистрација од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари. Со оваа мерка ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност. Тоа ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност (услужните дејности). Се очекува со ова решение да се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот.
Во постојниот член 53 од Законот за данокот на додадена вредност е пропишано дека даночниот обврзник е должен на барање да издаде фактура за прометот извршен спрема други даночни обврзници. За фактура се смета секој документ кој го издава даночниот обврзник или друго лице по негов налог за извршениот промет. Како фактура се смета и пресметката, со која даночниот обврзник пресметува одреден оданочив промет извршен спрема него од страна на друг даночен обврзник. Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се предлага да се пропише можност, покрај во хартиена форма, фактурата да може да се издаде и во електронска форма, а врз основа на претходна согласност од страна на примателот на доброто или корисникот на услугата.
Исто така, се предлага да се воведе обврска за даночниот обврзник, односно истиот е потребно да ја обезбеди автентичноста на потеклото, интегритетот на содржината и читливоста на фактурата, независно дали е во хартиена или електронска форма, од моментот на издавањето до завршување на рокот за чување на фактурата, а пропишан е и начинот на кој тие можат да бидат обезбедени. Предложените одредби се предлага да бидат со примена од 1 март 2015 година, а со цел на доуредување на материјата со подзаконски акти, прилагодување на даночните обврзници, државните органи и останатите релевантни субјекти кои ќе бидат инволвирани во процесот на ново воведениот систем на електронско фактурирање.
Се предлага членот 56 во кој е пропишан рокот на чување на фактурите, да се дополни на начин што ќе се воведе обврска даночниот обврзник фактурата да ја чува во изворна форма во која таа била издадена, како и издавачот и примачот на фактурите, да обезбедат и релевантни информации кои се во врска со издавањето и приемот на фактурата. Воведувањето на електронската фактура и електронското фактурирање ќе овозможи дигитализација на бизнис процесите, подобрување на конкурентската позиција и подобрување на продуктивноста на даночните обврзници (приватен и јавен сектор). Преминот кон
електронско фактурирање води кон значително намалување на трошоците преку намалување на рачната работа, материјалните и транспортните трошоци. Електронските процеси ќе овозможат работната сила да премине кон попродуктивни работи. Електронското фактурирање може да дејствува и како форма на учење и формирање на навики што доведуваат до натамошно усвојување на електронските практики во активностите на претпријатието. Електронското фактурирање има и директен придонес кон зачувување на животната средина.
За надминување на потешкотиите во примена на одребите на кои наидуваат вршителите и примателите на прометот, се укинува пренесувањето на даночната обврска во случај на промет на недвижности во извршна постапка или во постапка на присилна наплата по пат на јавно наддавање.
Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА
–ПРАВДИКО–