Што се запишува во казнената и прекршочната евиденција во судот? | Правдико

Правдико

   

Што се запишува во казнената и прекршочната евиденција во судот?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

011(2)Кривична евиденција

Во основните судови во кривичните предмети за обвинетите лица се водат податоци за кривична евиденција. Кривичната евиденција содржи податоци за денот кога поднесениот обвинителен акт против обвинетото лице стапил во правна сила, а за кривичните дела за кои се води скратена постапка за денот кога против обвинетото лице е донесена  неправосилна осудителна одлука.

Кривичната евиденција се води во основните судови според местото на раѓање на обвинетото лице, односно според седиштето на обвинетото правно лице. За лица државјани на Република Македонија, чие место на раѓање е на територија на друга држава, а имаат живеалиште на територијата на Република Македонија, податоците од кривичната евиденција се водат во основниот суд на подрачјето кадешто лицето има живеалиште. Додека за лица кои немаат државјанство на Република Македонија, надлежен за водење кривична евиденција е основниот суд на подрачјето каде лицето има привремен или постојан престој.

Кривичната евиденција покрај овие податоцисодржи и лични податоци за обвинетите лица (име и презиме, за мажените жени и моминско презиме, дата и место на раѓање, адреса на живеалиштето, единствен матичен број на граѓанинот за физичките лица, односно целосен назив, скратен назив, адреса на седиште и даночен број за правни лица), бројот на кривичниот предмет, кривичното дело за кое се обвинува лицето, ознаката и датата на обвинителниот акт и датата на стапување на правна сила, односно бројот и датата на неправосилната изречена осудителна пресуда и видот и висината на изречената казна со пресудата.

Кривичната евиденција се води во автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети во судовите, во форма на именик.

Запишувањето и бришењето на податоците во кривичната евиденција се врши во основниот суд , врз основа на добиените податоци од судот пред кој се води постапката против обвинетото лице.

Судот надлежен за водење на кривичната евиденција, за личното поднесено барање на заинтересираното лице или од неговиот полномошник, може да даде податоци од кривичната евиденција и за тоа да му издаде потврда (уверение)

Барањето од членот 295 на овој деловник ја содржи причината заради која се поднесува во судот. Ако судот надлежен за водење на кривичната евиденција најде дека во барањето не се наведени причините или дека барањето не ги содржи потребните податоци, ќе го повика подносителот да го дополни барањето во определен рок. По барањето не се постапува ако подносителот не го дополни барањето во определениот рок.

Евиденцијата на прекршочни санкции

Евиденцијата на прекршочни санкции се води за сите лица сторители на прекршок извршен на територија на Република Македонија на кои им е изречена прекршочна санкција: забрана на управување со моторно возило, забрана на вршење на професија, дејност или должност, протерување странец од земјата и привремена забрана за вршење одделна дејност.

Евиденцијата на прекршочни санкции содржи: лични податоци за сторителите, податоци за изречените санкции, забрана на управување со моторно возило, забрана за вршење професија, дејност или должност, протерување странец од земјата и привремена забрана за вршење одделна дејност, дополнителни промени на податоците (вонредни правни лекови) и податоци за извршената санкција.

Запишувањето на податоците во прекршочната евиденција се врши врз основа на податоците од правосилните судски одлуки кои се доставуваат до судот надлежен за прекршочна евиденција.

До судот надлежен за водење на прекршочната евиденција, податоците што се запишуваат во прекршочната евиденција му ги доставува:

  1. судот што судел во прв степен – податоците за изречената прекршочна санкција што се состои во забрана и тоа со назначување на видот и времето на траењето на забраната, основот и по кој закон, како и сите промени во врска со тие податоци;
  2. органот надлежен за извршување на прекршочната санкција- податоци за секоја извршена санкција;
  3. надлежниот суд – податоци за запирање на постапката за извршување на прекршочната санкција.

Податоци од евиденцијата на прекршочните санкции, судот дава само по образложено барање од други државни органи, правни или физички лица кои имаат правен интерес ако се уште траат мерките на забрана. По истекот на времето за кое се изречени санкциите се бришат од евиденцијата на прекршочнигге санкции.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико