Што содржат измените на Законот за правосудниот испит | Правдико

Правдико

   

Што содржат измените на Законот за правосудниот испит

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

20140618-noviot-nachin-na-polaganje-na-pravosudniot-ispit-1Со оглед на фактот што практичната примена на Законот ја наметна потребата да се намали можноста од злоупотреба при полагањето и спроведувањето  на правосудниот испит, како и да се  подобри транспарентноста при полагање на испитот, и воедно да се да се заострат казнените мерки во однос на постапката при спроведување на испитот, како за кандидатите така и за овластените преставници кои учествуваат во спреоведување на испитот, а воедно се предвидува и овластено лице кое ќе ги спроведува техничките работи.

Воедно се предвиде и надоместок за овластените преставници кои учествуваат во спроведување на испитот, како и надоместок за комисијата која ќе врши ревизија,  и за овластеното лице од министерот за правда.

Исто така е предвидено најмалку 30% од прашањата да се заменуваат  со нови двапати годишно, а не како до сега еднаш годишно, а притоа да се има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на базите на прашања. Поради ова се пристапи кон  измени и дополнувања на Законот.

Се врши измена на членот 8 став (3) од Законот, на начин што ревизијата и на базата на прашања се врши двапата во година и се менуваат најмалку 30% од прашањата, а притоа да се има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на базите на прашања. По ова се додава нов став со кој е предвидено паричен надомест за овластените претставници кои го спроведуваат испитот.

Членот 14 став (2) се менува на начин што Кандидатите на кои име е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста преку веб страната на Министерството за правда и Јавниот радиодифузен сервис се информираат за датумот и времето  на полагање на испитот, најмалку 8 дена пред одржување на испитот, а Aгенцијата за електронски комуникации двапати годишно во две сесии по случаен избор, врши мерења за блокирање на радио фрекфенцискиот опсег, за што доставува извештај до Министерството за правда, а доклку се утврди дека не е блокиран радио фрекфенцискиот опсег предвидена е глоба во износ од 5000 евра за правното лице кое технички го спроведува испитот. Исто така во насока на усогласување со новиот Закон за прекршоци во ставот 6 кој станува став 8 се предвидува глова во фиксен износ.

Се предлага измена и на членот 15. Имено се додаваат два нови става 9 и 10 во насока на донесување на решение на Министерот за правда за изрекување на забрана за полагање на правосудниот испит во траење од една година, како и право на покренување на управен спор против донесеното решение.  Во ставот 11 кој станува став 13 се предвидува изрекување на глоба во фиксен износ во насока на усогласување со новиот Закон за прекршоци. По ставот (13) се додааваат два нови става од Законот на начин што глоба во износ од 500 до 1000 Евра во денарска противвредност ќе се изрече на овластените претставници од членот 14 став (5) овој закон ако дозволат кандидатот да постапи спротивно на ставовите 2, 3 и 4 од членот 15.  Глоба во износ од 100 до 200 Евра во денарска противвредност ќе се изрече на кандидатот кој  постапува спротивно на ставовите 2, 3 и 4 од членот 15 на овој закон.

Исто така се предлага измена на членот 27 став (4) во насока на тоа што се пропишува дека Комисијата за ревизија се состанува после секоја одржана сесија и врши ревизија на спроведување на испитот, но не порано од денот на примената на овој закон, за што доставува извештај до Министерството за правда, а со ставот (5) е предвиден надомест за комисијата која врши ревизија на спроведување на испитот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико