Што содржат најновите измени на Законот за акцизите | Правдико

Правдико

   

Што содржат најновите измени на Законот за акцизите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

granica-carinaПо предлог на Министерството за финансии, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на ден 08.02.2016 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите. Овој закон е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 23 од 10.02.2016 година и истиот ќе стапи на сила на ден 18.02.2016 година.

Најважни измени кои се извршени со овој закон, според датум на примена, се следниве:

Измени кои се применуваат од 18.02.2016

– Со дополнувањето на Законот за акцизите со нови членови 38-а и 38-б се воведува нова категорија акцизни обврзници – мали независни производители на пиво.

„Мали независни производители на пиво”

Член 38-а

(1) Мал независен производител на пиво е лице кое произведува пиво како дел од неговата регистрирана дејност и ги исполнува следниве услови:

1) има годишно производство на пиво не повеќе од 150.000 литри;
2) правно и економски е независен од било кој друг производител на пиво;
3) производствените и оперативни објекти не се технолошки поврзани со производствените и оперативните објекти на друго лице кое произведува пиво како дел од неговата регистрирана дејност и
4) не произведува пиво со лиценца.

(2) Под годишно производство на пиво од ставот (1) точка 1) на овој член се подразбира планираната количина на пиво која ќе се однесува на наредната календарска година, односно произведено пиво во текот на календарската година.
(3) Одредбите со кои се уредуваат постапките за поднесување на барањето и издавањето на акцизна дозвола како и обврските на имателот на акцизна дозвола важат и за малиот независен производител на пиво.
(4) Доколку мал независен производител на пиво произведува пиво со лиценца, за произведеното пиво ќе плаќа акциза согласно со членот 36 став (1) од овој закон.
(5) Произведеното пиво со лиценца влегува во вкупното годишно производство на пиво, а на произведеното пиво без лиценца ќе се доплаќа разлика во акцизата при премин од една во друга група согласно со членот 38-б од овој закон.

Акциза на пиво произведено кај мал независен производител

Член 38-б

(1) Акцизата на пиво кое го произведуваат мали независни производители и кое се продава на територијата на Република Македонија се плаќа според следниве групи во зависност од годишното производство на пиво:

1. За годишно производство на пиво што не надминува 50.000 литри, во висина од 50% од пропишаната акциза во членот 36 став (1) од овој Закон;
2. За годишно производство на пиво што надминува 50.000, но не надминува 75.000 литри во висина од 60% од пропишаната акциза во членот 36 став (1) од овој Закон,
3. За годишно производство на пиво што надминува 75.000, но не надминува 100.000 литри, во висина од 70% од пропишаната акциза во членот 36 став (1) од овој Закон и
4. За годишно производство на пиво што надминува 100.000, но не надминува 150.000 литри во висина од 80% од пропишаната акциза во членот 36 став (1) од овој Закон.

(2) Акциза се пресметува врз основа на месечното произведено пиво во определена група од ставот (1) на овој член. При премин од една во друга група на вкупно производство на пиво, акцизата се пресметува во процентуален износ кој се однесува на пропишаната група од ставот (1) на овој член. Малиот независен производител на пиво е должен да поднесе акцизна пријава за разликата од една до друга количина при премин од една во друга група, при што акциза се плаќа во повисок износ од претходно утврдениот, а на веќе произведените количини за кој е платена помала акциза се доплаќа разликата во акцизата.
(3) Ако во текот на календарската година малиот независен производител на пиво произведе количина на пиво поголема од количината пропишана во ставот (1) точка 1) на членот 38-а од овој закон, е должен во рок од 15 дена за новонастанатата ситуација да ја извести Царинската управа и побара промена на акцизната дозвола, а на произведената количина на пиво под пропишаната во членот 38-а став (1) точка 1) од овој закон ќе пресмета и доплати разлика во акциза до износ од пропишаната во членот 36 став (1) од овој закон. За произведената количина пиво над пропишаната во членот 38-а став (1) точка 1) од овој закон ќе пресмета и плати акциза пропишана во членот 36 став (1) од овој закон.“

– Со дополнувањето на член 6 со ставовите (4) и (5) се пропишува доказите за исполнување на условите за издавање на акцизна дозвола од ставот (1) од член 6 ги прибавува овластено службеното лице од Царинската Управа кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган. Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

– Со дополнувањето на член 19 со ставовите (2) и (3) се пропишува доказите за исполнување на условите за издавање на одобрение за акцизно повластено користење од ставот (1) од член 19 ги прибавува овластено службеното лице од Царинската управа кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да ги побара доказите од надлежниот јавен орган.

Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

– Се бришат членовите 8-а и 21-а од Законот за акцизите.
– Се пропишуваат рокови за одлучување по барања и тоа 30 дена за барање за друг гарантор при транспорт, барање за враќање акциза за течен нафтен гас и барања за враќање на акциза и рок од 60 дена по барање за упростен акцизен документ.

Во членот 51-в став (4) се менуваат зборовите бензиски мотор во мотор со внатрешно согорување, односно ставот гласи: Патничките автомобили на хибриден погон (комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор) се ослободени од акциза.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите во делот за Прекршоци се извршени измени на членови и дополнувања со нови членови и тоа:

– Се додава нов член 60-а

Член 60-а

(1) Глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правно лице и трговец поединец, ако:

1) не направи попис, не подготви и не достави записник на затечени залихи на меѓупроизводи и етил алкохол во своите складови и во други свои простори како и во складови и простории на со нив поврзани друштва, на денот на почетокот на примената на зголемената акциза на меѓупроизводи и етил алкохол (член 36-а став (2));
2) не направи попис, не подготви и не достави записник на затечени залихи на тутунски добра во своите складови и во други свои простори како и во складови и простории на со нив поврзани друштва, на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за тутунски добра и на денот на почетокот на примената на зголемената малопродажна цена (член 42-г став (2));
3) не постапи согласно член 36-а став (6) и член 42-г став (6) од овој закон.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец за прекршоците од ставот (1) на овој член.
(3) За повторување на прекршоците од ставот (1) на овој член во рок од две години на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од три до 30 дена, а на одговорното лице во правното лице забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три до 15 дена.

Во членот 61 ставот (1) се менува:

(1) Глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на даночниот обврзник-правно лице и трговец поединец, ако:

1) не направи попис и не подготви записник на затечени залихи на меѓупроизводи и етил алкохол во акцизни складови или складови на увозникот или во други нивни простории и тоа обележани со контролни марки, без контролни марки и затечените залихи на подигнати контролни марки на денот на почетокот на примената на зголемената акциза на меѓупроизводи и етил алкохол (член 36-а став (1)).
2) не ја пресмета зголемената акциза на вкупната затечена залиха на меѓупроизводи и етил алкохол од ставовите (1) и (2) на членот 36-а од овој закон и ако не достави барање за доплата на акциза заедно со направената пресметка и записници, доколку акцизата на денот на извршениот попис е поголема од платената акциза за подигнатите контролни марки ( член 36-а став (3)).
3) не достави барање за доплата на акциза заедно со пресметката и записниците од ставовите (1) и (2) на членот 36-а од овој закон до Царинската управа не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис за меѓупроизводи и етил алкохол (член 36-а став (4)).
4) не направи попис и не подготви записник на затечени залихи на тутунски добра во акцизни складови или складови на увозникот или во други нивни простории и тоа обележани со контролни марки, без контролни марки и затечените залихи на подигнати контролни марки, на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за тутунски добра и на денот на почетокот на примената на зголемената малопродажна цена (член 42-г став (1)).
5) не ја пресмета зголемената акциза на вкупната затечена залиха на тутунски добра од ставовите (1) и (2) од членот 42-г од овој закон и ако не достави барање за доплата на акциза заедно со направената пресметка и записници, доколку акцизата на денот на извршениот попис е поголема од платената акциза за подигнатите контролни марки (член 42-г став (3)) и
6) не достави барање за доплата на акциза заедно со пресметката и записниците од ставовите (1) и (2) на членот 42-г од овој закон до Царинската управа не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис за тутунски добра (член 42-г став (4)).

– Во членот 61-а став (1) се пропишуваат прекршоци за малите независни производители на пиво со додавање нова точка 15):

„15) не ги исполнува обврските од членовите 38-а ставови (4) и (5) и 38-б ставови (2) и (3) од овој закон;
Во членот 61-б став (1) точката 1) се менува:

„1) меѓупроизводите и етил-алкохолот кои ги пушта во акцизно правен слободен промет на акцизната територија не ги обележи со контролна марка и не ја залепи на амбалажата која при отворањето мора да се оштети (член 37 ставови (3) и (4)) или ако не поднесе акцизна пријава и не ја плати акцизата во пропишаниот рок за алкохолни пијалоци за кои не постои обврска за обележување со контролни марки (член 13 став (2)).
– Во членот 61-в став (1) се дополнуваат исклучоците од мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог, односно зборовите „точка 2)” се заменуваат со зборовите „точки 2), 3), 5) и 6).

– Со нов член 61-е се пропишуваат глоби за службени лица и тоа:

(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластено службено лице во Царинската управа ако не одлучи во роковите утврдени со член 8 став (6), член 11 став (8), член 12 став (5), член 21 став (5), член 26 став (8), член 28 став (8), член 36-а став (9) и член 42-г став (9) на овој закон, по поднесено уредно барање кон кое се приложени сите потребни докази.
(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластено службено лице во Царинската управа ако не ги побара доказите по службена должност во роковите утврдени во членовите 6 став (4) и 19 став (2) од овој закон.
(3) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите ако не ги достави бараните докази во роковите утврдени во членовите 6 став (5) и 19 став (3) од овој закон.
(4) За прекршоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.

Измени кои се применуваат од 01.07.2016

Се додава нов член 36-а со кој се пропишува постапувањето на производителот и увозникот на меѓупроизводи и етил алкохол, како и дистрибутерот при зголемување на акцизата, како и зголемена малопродажна цена на тутунските производи, односно

Член 36-а

(1) Во случај на зголемување на акцизата производителот и увозникот на меѓупроизводи и етил алкохол се должни на денот на почетокот на примена на истата, да направат попис на затечени залихи на меѓупроизводи и етил алкохол во акцизни складови или складови на увозникот или во други нивни простории кои се обележани со контролни марки, без контролни марки и затечените залихи на подигнати контролни марки и да подготват записник за извршениот попис.
(2) Во случаите од ставот 1 на овој член секој овластен дистрибутер на производителот и увозникот на меѓупроизводи и етил алкохол е должен на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за меѓупроизводи и етил алкохол да направи попис на затечени залихи на меѓупроизводи и етил алкохол во своите складови и во други свои простори како и во складови и простории на со нив поврзани друштва и да подготви и достави записник од извршен попис до Царинската управа и до производителот или увозникот на меѓупроизводи и етил алкохол не подоцна од два работни дена од денот на извршениот попис.
(3) Производителот и увозникот се должни да ја пресметаат зголемената акциза на вкупната затечена залиха од ставовите (1) и (2) на овој член и да достават барање за доплата на акциза заедно со направената пресметка и записници, доколку акцизата на денот на извршениот попис е поголема од платената акциза за подигнатите контролни марки.
(4) Барањето за доплата на акциза заедно со пресметката и записниците од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесуваат до Царинската управа не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис.
(5) Врз основа на доставеното барање од ставот (4) на овој член, Царинската управа донесува решение за доплата на разликата меѓу платената акциза и зголемената акциза при промена на акциза.
(6) Овластениот дистрибутер е должен да му ја надомести разликата во акцизата на производителот и увозникот на меѓупроизводи и етил алкохол за залихата од ставот (2) на овој член, што е во неговите складови и во други свои простори, како и во складовите и просторите на со него поврзани друштва, при нејзината промена во рок од 30 дена од денот на извршениот попис.
(7) Поврзано друштво за целите на ставот (2) на овој член е правно лице со регистрирано седиште во Република Македонија кое е поврзано друштво во смисла на одредбите од Законот за трговските друштва со дистрибутерот на меѓупроизводи и етил алкохол и кое е овластено да врши трговија на големо со меѓупроизводи и етил алкохол во согласност со закон.

– Се менува членот 42-г со кој се пропишува постапувањето на производителот и увозникот на тутунски добра, како и на дистрибутерот при зголемување на акцизата и зголемување на малопродажната цена и гласи:

(1) Во случај на зголемување на акцизата и зголемување на малопродажната цена, производителот и увозникот на тутунски добра се должни на денот на почетокот на примена на истата, да направат попис на затечени залихи на тутунски добра и тоа обележани со контролни марки, без контролни марки и затечените залихи на подигнати контролни марки во акцизни складови или складови на увозникот или во други нивни простории и да подготват записник за извршениот попис.
(2) Во случаите од ставот 1 на овој член секој овластен дистрибутер на производителот и увозникот на тутунски добра е должен на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за тутунски добра и на денот на почетокот на примената на зголемената малопродажна цена да направи попис на затечени залихи на тутунски добра во своите складови и во други свои простори, како и во складовите и просторите на со нив поврзани друштва и да подготви и да достави записник од извршен попис до Царинската управа и до производителот или увозникот на тутунски добра, не подоцна од два работни дена од денот на извршениот попис.
(3) Производителот и увозникот се должни да ја пресметаат зголемената акциза на вкупната затечена залиха од ставовите (1) и (2) на овој член и да достават барање за доплата на акциза заедно со направената пресметка и записници, доколку акцизата на денот на извршениот попис е поголема од платената акциза за подигнатите контролни марки.
(4) Барањето за доплата, при промена на акциза или при промена на малопродажна цена, заедно со пресметката и записниците од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесуваат до Царинската управа не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис.
(5) Врз основа на доставеното барање од ставот (4) на овој член, Царинската управа донесува решение за доплата на разликата меѓу платената акциза и зголемената акциза при промена на акциза или промена на малопродажна цена.
(6) Овластениот дистрибутер е должен да му ја надомести разликата во акцизата на производителот и увозникот на тутунски добра за залихата од ставот (2) на овој член, што е во неговите складови и во други свои простори, како и во складовите и просторите на со него поврзани друштва, при нејзината промена во рок од 30 дена од денот на извршениот попис.
(7) Поврзано друштво за целите на ставот (2) на овој член е правно лице со регистрирано седиште во Република Македонија кое е поврзано друштво во смисла на одредбите од Законот за трговските друштва со дистрибутерот на тутунски добра и кое е овластено да врши трговија на големо со тутунски добра во согласност со закон.

– Се пропишува формата и содржината на барања за доплата на акциза по кое Царинската управа одлучува во рок од 30 дена;

* Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати.

Препорачуваме

Партнери на Правдико