Што содржат најновите измени на Законот за работни односи | Правдико

Правдико

   

Што содржат најновите измени на Законот за работни односи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Workers-CompНа 37 -та Седница на Собранието на Република Македонија се изгласаа нови измени во Законот за работни односи. Најпрво се  се врши промена во делот на елементите кои што работодавачот треба да ги наведе во јавниот оглас, во смисла дека освен паричниот износ на основната нето плата ќе може да биде наведен и паричен износ на нето платата од најнизок до највисок износ, за работното место за кое се бара работник. Имено, со оваа измена покрај подобрата информираност на работницита за можната плата, се зголемува и мотивираноста на барателите на работа за пријавување на огласи согласно нивните поединечни амбиции.

Исто така  се воведени нови дополнувања на членот 117 став 2 во насока на одредување контролен период за утврдување на просекот на прекувремените часови на неделно ниво, кој не може да биде подолг од три месеци.  Во поглед на користењето на годишниот одмор со измената на членот 141 став 2 се врши усогласување со Конвенцијта на МОТ за платени одмори (број 132) во насока на поделбата на платениот годишен одмор во повеќе делови наместо досегашно користење во два дела, согласно личните и семејните потреби на работникот. При тоа еден од деловите од годишниот мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Се врши измената во членот 142 став 2 и му се овозможува на работникот наместо користење на досегашниот еден ден од годишниот одмор по сопствен избор со претходно известување на работодавачот, сега да користи два дена по сопствен избор само со претходно известување на работодавачот од три работни дена.

Измени има и во член 170 кој го уредува надоместокот на плата и се предвидува дека во случај на престанок на договорот за вработување на определено време поради истек за  време на користењето на надоместокот на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и родителство, работничката продолжува да го користи правото до истекот на отсуството на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Во поглед на надлежностите на инспекциите  се уредува дека покрај инспекторот за трудот покана за плаќање на глоба и решение, како и барање за поведување на прекршочна постапка донесуваат согласно закон и другите органи кои вршат инспекциски надзор секој во однос на одредбите од овој закон за прашањата за кои тие се надлежни согласно закон. Се додава нов член 259-а со кој се уредува дека органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор се должни да соработуваат и разменуваат податоци на месечно ниво за забрана за вршење на работи на работодавачот.

Се врши ново уредување во врска со покренувањето на прекршочна постапка на органите на државната управа. Се определува дека против решението на пазарниот инспектор, санитарниот и здравствениот инспектор, инспекторот за животна средина, комуналниот инспектор, инспекторот за транспорт, инспекторот за техничка инспекција, девизниот инспектор, инспекторот за земјоделство, инспекторот за шумарство и ловство, просветниот инспектор, инспекторот за градежништво и урбанизам и даночниот инспектор од членот 259 може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од осум дена од денот на приемот на решението.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико