Што содржат новите измени на Законот за оружје | Правдико

Правдико

   

Што содржат новите измени на Законот за оружје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, превоз и пренесување преку државната граница на оружје и муниција.

Со предметниот закон, меѓу другото, се уредува полагањето на стручниот испит за проверка на техничкото знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавањето на прописите за оружјето. Со измените и дополнувањата на Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ број 164/13) се воведоа новини во однос на полагањето на наведениот испит.

Со новите изменувања и дополнувања на овој закон се врши доуредување на законските предуслови при полагањето на стручниот испит и допрецизирање на начинот на негово полагање во правец на поголема објективност и непристрасност. Со изменетите одредби од наведениот закон се определува квотата на прашања од базите на прашања кои треба да бидат изменети, целосно отстранети и заменети со нови со цел создавање на услови за поголема објективност при полагањето на испитот. Исто така, со изменувања и дополнувања се предвидуваат одредени обврски за овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот, како и обврски за Агенцијата за електронски комуникации, со цел создавање на законски предуслови за ефикасно спроведување на полагањето на стручниот испит.

Заради непристрасно полагање на стручниот испит за проверка на техничкото знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавањето на прописите за оружјето се предвидува прекршочна одговорност за одговорното правно лице кое технички го спроведува стручниот испит, членовите на комисиите пред кои се полагаат испитите и членовите на комисијата за ревизија.

Со новите  изменувања и дополнувања на законот предвидена е прекршочна одговорност и за кандидатот кој го полага стручниот испит, а при тоа постапува спротивно на начинот кој е пропишан со законот.

Партнери на Правдико