Правдико

   

Што содржат новите предлог измени на Изборниот законик

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Изборниот законик се уредуваат изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија, изборите за претседател на Република Македонија и локалните избори, односно изборите за градоначалници и членови на советите.

Со измените се предвидува изборот на претседател на Републиката да се врши на територијата на Република Мaкедонија и во дипломатско- конзуларните претставништва на Република Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел. Ставот 2 предвидува дека во Собранието на Република Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици утврдени со овој законик и во секоја се избираат по 20 пратеници и 3 пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија. Исто така, се предвидува изборот на членовите на советите и изборот на градоначалници.

За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста. Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица.

Од денот на донесување на одлуката за распишување на избори, политичките партии учесници во изборниот процес, потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори. Со Кодексот учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Измени во избирачкиот список 

Избирачкиот список ги содржи следниве податоци: единствен матичен број на граѓаните (ЕМБГ), презиме, име на еден од родителите и име, пол, лична фотографија (во формат како на лична карта или патна исправа), адреса на живеење (општина, населено место, улица, куќен број, влез и стан), датум на запишување и бришење и датум и вид на дополнување на податоците. Отпечатените изводи од Избирачкиот список и посебните изводи од Избирачкиот список, се водат по азбучен ред на презимето на граѓанинот и ги содржат следниве рубрики, односно податоци: реден број, презиме, име, пол, датум на раѓање, лична фотографија (во формат како на лична карта или патна исправа) и адреса на живеење (населено место, улица, куќен број, влез и стан), потпис или отпечаток за избирачот.

Измени во листите за кандидати

Во поднесената листа на кандидати за пратеници  и за членови на совет на општината и градот Скопје , најмалку 40% од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

Забрана за финансирање од страна на медиумите

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), како и нивните поврзани лица не смеат на било каков начин да финансираат или да даваат донации на политичките партии. Како поврзани лица се сметаат лицата дефинирани во член 36 од Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Целиот текст на предлог измените со повеќе детали можете да го превземете ТУКА

 

Партнери на Правдико