Што содржат предлог-измените на Законот за минимална плата | Правдико

Правдико

   

Што содржат предлог-измените на Законот за минимална плата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСпоред член 32 став 2 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка. Во член 107 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.158/2010), утврдено е дека платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.

Потребата за донесување на овој закон е апсолутно оправдана и подржана од сите пратенички групи, но законот кој веќе е во сила, не ја остварува основната цел за која е донесен, односно не обезбедува полна минимална плата за вработените кои имаат најниски месечни примања – и за кои всушност најмногу се однесува законот за минимална плата.

Тоа значи дека постојниот закон не обезбедува минимална плата од 9.590 денари во нето износ за вработените во одделите кои имаат најниски плати: производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи на кожа. Според Државниот завод за статистика овие три оддели имаат 50.209 вработени. За нив уште кога за првпат се воведе Законот за минимална плата се предвидуваше усогласување за период од три години (односно во периодот од 2012 до 2014 година), а во 2014 година тоа усогласување се продолжи се до 2018 година. Во овие оддели каде работат работниците со најниски плати и каде минималната плата е најпотребна висината на минималната плата во 2015 година изнесува 8.050 денари, а за 2016 година се предвидува 9000 денари.

Висината на минималната плата моментално изнесува 9.590 денари во нето износ, и реално не е усогласен со тековните животни трошоци, и истиот треба да се зголеми и да се усогласува редовно, за да се задржи одреден достоинствен животен стандард. Бидејќи според дефиницијата на Меѓународната организација на трудот минималната плата го претставува најниското ниво на плата кое може да го зема работник во државата кој работи во полно работно време, ова значи дека минималната плата во 2015 година е de facto поставена на 8.050 денари, a не на 9.590 денари.

Со соодветни измени на сегашните решенија во Законот за минимална плата ќе се придонесе за поголема еднаквост на приходите и ќe бидат остварени нејзините цели кои се предвидени и од Меѓународната организација на трудот и тоа: да се спречи експлоатацијата на работниците од страна на работодавачите, да се промовира фер структура на плати, да се обезбеди минимум прифатлив стандард на живот за вработените со најниски примања и да се ублажи сиромаштијата. Наведените причини ја наметнаа потребата од донесување на измени на овој закон.

Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико