Што содржат предлог измените во Кривичниот законик | Правдико

Правдико

   

Што содржат предлог измените во Кривичниот законик

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Извршниот Комитет на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), на 29.06.2015 година, на својот состанок одржан во Прага, Република Чешка, донесе одлука градот Скопје и Фудбалската федерација на Македонија да бидат организатори на Европскиот фудбалски СУПЕР КУП во 2017 година.

Согласно правилата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Договорот за организација на СУПЕР КУП натпреварот во 2017 година, кој треба да биде потпишан помеѓу УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија, заради успешна организација и реализација на овој спортски настан, организаторот е должен да
обезбеди потпишани гаранции од надлежните институции во државата каде што се организира овој настан кои се обврзани да ги преземат сите неопходни мерки за спречување на фалсификувањето на билетите за овој фудбалски натпревар и нелегално препродавање на истите.

Согласно постоечката регулатива во Република Македонија, нелегално препродавање карти за спортски натпревари, не е санкционирано во Кривичниот законик за што е потребно да се преземат активности за пропишување на ваквото кривично дело во Кривичниот законик на Република Македонија.

Имајќи го предвид горенаведеното, а со оглед на фактот дека надлежните институции веќе ги имаат потпишано предметните гаранции со кои е преземана обврска за ефикасно спречување на ваквите нелегални активности, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, како координатор на
активностите на институциите – членови на Работната група задолжена за организација на СУПЕР КУПОТ 2017 година, достави барање за свикување на соодветната работна група задолжена за изменување и дополнување на Кривичниот законик заради преземање на неопходните активности за регулирање на оваа материја, со што ќе се придонесе за успешна организација на овој и на други идни домашни и меѓународни спортски настани а воедно ќе се спречат и штетните последици кои би произлегле како резултат на преземање на ваквите нелегални дејствија.

По одржаниот состанок на работната група, се одлучи да се измени и дополни членот 277 од Кривичниот законик „Недозволена трговија“ со внесување посебен став за неовластена продажба на билети за спортски
натпревари и друг вид манифестации.

Со предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик се врши пропишување нов квалификаторен облик на кривичното дело „Недозволена трговија“ заради пополнување на правна празнина.

Целосниот текст на предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Партнери на Правдико