Што содржат предлог измените во законите за образование | Правдико

Правдико

   

Што содржат предлог измените во законите за образование

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 4-тата седница на Собранието на Република Македонија се доставени три предлози за измена на законите во областа на образованието, конкретно за екстерното тестирање. Седницата е закажана во 12 часот. Со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон предложено е согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предлозите на законите да се донесат по скратена постапка.

Со Законот за изменување на Законот за основното образование , Законот за изменување на Законот за средното образование и Законот за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта се бара укинување на екстерното тестирање, бидејќи неколку годишното спроведување на екстерното тестирање покажа дека наместо да го подобри квалитетот на образованието, состојбите во образованието само се влошија. Во 2013 година Министерството за образование започна со реализација на проектот „екстерно тестирање“. Овој проект беше најавуван како алатка која ќе го подигне квалитетот на образованието.

Целта беше „да се оцени знаењето“ на децата согласно наставната програма, како и „да се проверат“ оценките што наставниците ги даваат во текот на училишната година. Овие две цели требаше да се остварат преку една масовна и екстензивна операција на полагање на децата во основното (од четврто одделение нагоре) и средното образование во текот на јуни на крајот на второто полугодие.

Тестот се состои од 30 прашања (еклектички избор на комисија) на кои децата треба да одговорат електронски (на компјутер) и за кои децата требаше да се подготват за два-три дена од соопштувањето на двата предмета по кои ќе се полага. Веќе се спроведени 4 циклуси на тестирања од 2013 до 2016 година. Истовремено, тестирањето оваа година (2017) веќе ги опфати и матурантите, кои мораа поради матурскиот испит, како и претходно, екстерното да го полагаат на почетокот на февруари. Од екстерното тестирање „се спасија“ само студентите преку масовните студентски протести, кога Министерството за образование најави дека се подготвува екстерно тестирање (државен испит) и за високото образование.

Целта на овој предлог е екстерното тестирање целосно да се укине поради штетните последици кои ги предизвика во изминатите неколку години. Со овие измени се укинува екстерното тестирање како проект што предизвика најголем револт кај наставниците, како и кај децата и нивните родители. Со овој проект се девалвира целиот напор и труд на наставниците.  Предвидените решенија со законот чие што донесување се предлага се во насока на создавање на услови за еднаквост на наставниците во извршување на нивната професија како и заштита на образовниот процес на учениците од лошите законски решенија.

Целосниот текст на предлог измените можете да ги погледнете на следните линкови:

Препорачуваме

Партнери на Правдико