Правдико

   

Што содржат предлог измените во Законот за извршување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување е одраз на општествените потреби и реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми,  но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.

Целта  на измените на Законот за извршување е олеснување на финансиската состојба на  граѓаните на Република Северна Македонија, и истите се  во насока на целосно изземање од извршување на корисниците на помош согласно прописите од социјална заштита,  Законот за заштита на децата и прописите  за социјална сигурност за старите лица. Водејќи сметка и за социјално ранливите групи законот предвидува смалување на паричните износи кои може да се зафатат со присилно извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, децата корисници на семејна пензија, како и хранителските семејства кои згрижуват дец,а од 1/3 на 1/5 од платата, пензијата, односно надоместокот. Се очекуваат големи придобивки од  социјален  карактер за наведените категории на социјално економски план.

Предложените измени и дополнувања на Законот за извршување  се во насока на начелото за заштита на личноста, достоинството и интересите на  должниците и на нивните семејство.

Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување  содржи 4 члена.

Со членот 1 целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош  од социјалната заштита,  примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност  на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица,

Членот 2  ги  дополнува ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата  за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци  за сместување на лице и надоместок за згрижување  на згрижувачко семејство, како и  за децата корисници на семејна пензија

Членот 3 предвидува  примена на законските одредби и за веќе започнатите извршувања, со оглед дека овој закон е поповолен за граѓаните и е во склад со членот 52 став 4 од Уставот на Република  Северна Македонија.

Членот 4 ја уредува примената на законот.

Донесувањето на законот има за цел да овозможи надминување на долгогодишните проблемите на граѓаните како должници без притоа да се генерираат нови егзистенцијални проблеми за гражаните, што ќе има позитивно влијание во општеството.

Целиот текст на предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Партнери на Правдико