Што содржат предлог измените во Законот за помилување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за помилување регулирано е дека претседателот на Република Македонија дава помилување на поименично определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот законик и одредбите на овој закон.
Со предложеното дополнување на Законот со нов член 11-а уредена е можност претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон,при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.
Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување.Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука.
Целта на Предлог на законот е создавање на правна основа за поништување на помилувањето дадено од претседателот на Републиката без претходна постапка,во утврден рок без должност за образложение на истата.
Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до претседателот при што претседателот е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи.
Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА