Правдико

   

Што содржат предлог измените во Законот за превоз во патниот сообраќај

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со предложениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај ќе изврши целосно усогласување на националното законодавство од областа на патниот сообраќај со она на ЕУ кое го регулира пристапот на пазарот односно со одредбите од Регулативата 1071/09 и Директивата 2003/59/ на ЕУ со кои се регулираат одредбите за пристап на пазарот и одредбите за професионалната компетентност на возачите во меѓународниот патен сообраќај.

Понатаму, со предложените одредби од предлог измените на Законот ќе се обезбедат фер услови за здрава конкуренција на пазарот во кој секој учесник однапред ќе биде запознаен со условите и начинот на вршење на дејноста. Со предложените одредби се врши за прв пат во оваа дејност, по примерот на ЕУ, класифицирање на извршените прекршоци на многу сериозни, сериозни и помалку сериозни.

Со предложената измена од членот 1 на предлог на законот не се прават суштински измени во дефинициите. Во претходниот период утврдено е дека се потребни мали корекции во дефинициите кои не предизвикуваат никакви суштински измени, но вакви корекции се потребни во поголемиот дел од дефинициите.Затоа се предлага целосно да се замени постоечкиот член со нов. Во предлогот како новина единствено се предвидуваат дефиниции на возила по вид на превоз кои се во согласност со оние од Законот за возила.
Со предложената измена во членот 2 се врши корекција во постоечката одредба од причина што министерството издава два вида на лиценци, за вршење на превоз на патници и за вршење на превоз на стока. Оттука сметаме дека е потребно да се замени сврзникот „и“ со „или“ бидејќи во пракса лиценците се засебни и одвоени. Понатаму на превозниците кои вршат меѓународен превоз на патници или стока покрај на македонски јазик документите се издаваат и на англиски јазик.

Досега во пракса се издаваше извод од лиценца единствено за моторни возила. Со цел подобрување на евиденцијата која ја води министерството предлагаме со измената во членот 3 извод од лиценца да започнеме да издаваме и за приклучните возила.

Со предложената измена во членот 4 се предлага да се брише основот за донесување на подзаконски акт во кој би се пропишала најнискат цена за извршениот преглед за утврдување на Посебните техничко-експлоатациони услови кои ги исполнуваат возилата. Сметаме дека ваквиот начин на пропишување не е во согласнот со нашата цел за поефикасно и поквалитетно спроведување на прегледите.

Со измените во членот 5 се предвидува мали корекции во називот на Сертификатот за возачи кој го издава министерството. Овие промени произлегуваат од усогласувањето на нашето законодавство со Директивата 2003/59. Понатаму се допрецизира членот со обврската на превозниците да го имаат во возилото при вршење на меѓународен превоз на патници и евидентниот лист утврден во членот 38 од законот.

Со измената во членот 6 се врши целосно изменување на постоечкиот член 8 од законот. Ова е потребно бидејќи се предвидуват некои измени со цел усогласување со одредбите од законот со Регулативата 1071/09 и Директивата 2003/59. Измените се во ставот 1 точките 1, 2, 6 и 9. Понатаму во точката 10 се предлага измена по барање на авто-такси превозниците со цел зајакнување на условите за добивање на лиценца за авто такси превоз кои ќе допринесат кон подобрување на квалитетот на услугите на такси превозот.

Предлог измените во членовите 7 и 8 се врши со цел усогласување на текстот на постоечките одредби во законот со оние во членовите 11 и 13 од измените. Промената се состои во следното: постапката за обука на кандидтите се двои во одделна одредба од постапката за полагање на испитот.

Во членовите 11 и 13 се врши целосно усогласување со одредбите од Директивата 59/03. Во наведените членови се утврдуваат поблиските услови и потребните критериуми кои се неопходни за спроведување на процесот на обука на управители на превозни компании и возачи во меѓународен патен сообраќај кои на високо задоволително ниво ги познаваат домашните и меѓународните правила и прописи за вршење на патен сообраќај. И досега во законот беа предвидени услови и критериуми кои е потребно да ги исполнуваат обучните центри, програма за спроведување на обуката, начинот за спроведување на испитите итн, но сега со предложените измени се подига нивото на потребните критериуми по примерот на европските стандарди.
Со измените во членот 9 се врши само корекција без никаква суштинска измена во одредбата во членот кој целосно е усогласен со Регулативата 1071/09.

Со предложената измена во членот 10 исто така се врши целосно усогласување со одредбите од Регулативата 1071/09 со која се утврдуваат критериумите за пристапот на пазарот. И досега во законот беше пропишано кои кривични и прекршочни дела доколку беа извршени од страна на управителот на превозната компанија ќе се сметаше дека истата не поседува добар углед, но сега се проширува таа листа со цел целосно усогласување со наведената регулатива.

Со предложената измена во членот 12 со кој се врши изменување во одредбите од членот 8-е од законот се очекува да се постигне во пракса подобро и поефикасно спрведување на испитите. Предложените измени произлегуваат од практични причини кои се утврдени во процесот на спроведување на испитите.
Со предложената измена во членот 14 се врши корекци на одредбата во членот 8-з.

Со предложената измена во членот 15 се врши допрецизирање на одредбата во законот со кој се пропишуваат условите и критериумите кои треба да ги исполнуваат обучните центри за обука на такси возачи, понатаму се предвидуваат корекции во одредбите со кои се пропишува начинот за добивање на уверение за положен испит и сертификатот за авто такси возач итн. Предложените измени се доставени од страна на асоцијациите на авто такси возачи кои од практични причини истите ги предлагаат, а целта да се обезбеди поквалитетна обука од која ќе произлезат подобро обучени такси возачи.

Со предложените измени во членот 16 се предвидува постапка за изводи од лиценци, времетраење на важноста на лиценците, итн. Сите овие предложени промени произлегуваат од практични причини кои се утврдени при процесот на лиценцирање на транспортните компании. Целта е да се обезбеди утврдување една транспаретна постапка со која ќе бидат запознаени сите инволвирани субјекти во процесот на лиценцирање.

Со предложените измени во членовите 17 и 18 од законот се предвидуваат одредени обврски за носителите на семејно земјоделско стопанство кои поседуваат потврда за возилата издадени од министерството за транспорт по примерот на носителите на лиценци за одделни видови на превоз со цел да се обезбеди подобра евиденција на истите како и навремено ажурирање на потребните податоци.

Со предложените измени во членот 19 се предвидува постапка за откажување од извод од лиценца или за привремено запирање на вршењето на превозот со одредено возило. Предложените промени се како резултат на праксата што досега го покажала и произлегуваат од потребите на превозниците кои поради недостаток на возачи на пример можат да се обратат во министерството за транспорт и врски и да побараат привремен прекин на вршењето на превозот со одредено возило.

Со предложените измени во членот 20 не се предвидуваат суштински измени во членот 11 од законот. Утврдена е потреба од повеќе корекции во наведениот член и со цел нивно отстранување се предвидува оваа замена на постоечкиот член 11 со нов.

Со предложените измени во членот 21 се врши заменување на постоечкиот член 12 со нов со кој се утврдува начинот и постапката за одземање на лиценцата. Со цел усогласување со Регулативата 1071/09 се предвидува трајно одземање на лиценцата и се утврдени основите за тоа, како и привремено запирање од вршење на дејноста превоз во патниот сообраќај и основите за тоа. Понатаму со предложените измени се предвисува и начинот на кој ќе се спроведе трајното односно привременото одземање на лиценцата.

Со предложените измени во членот 22 не се предвидуваат суштински измени во членот 13 од законот. Утврдена е потреба од повеќе корекции во наведениот член и со цел нивно отстранување се предвидува оваа замена на постоечкиот член 13 со нов.Во новиот член единствено се предвидува нова одредба со која се дополнува евиденцијата на превозниците со неактивни превозници.

Со измените во членот 23 се врши пропишува основот за евиденцијата која треба да ја води министерствотото. Оваа измена произлегува и од потребите за размена на информации кои дополнително ќе произлезат како обврска на министерството и контролните органи по целосното усогласување со законодавството на ЕУ.

Измените во членот 24 произлегуваат како потреба од измените утврдени во членот 21 од овој закон.
Со измените во членот 25 корекцијата која се прави е со цел да се отстрани техничката грешка бидејќи превозот на патници за сопствени потреби е е јавен превоз на патници.

Измената во членот 26 се предлага со цел да се отстранат од наведената одредба членовите од законот кои во конкретниот случај се неприменливи.

Со измените во членот 27 се прави корекција на критериумите при аплицирање на автобуски линии во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај во насока на утврдување на услови кои ќе ја овозможат здравата конкуренција меѓу превозниците кои ќе ги исполнат потребните услови за стекнување со дозвола.
Со измената во членот 28 се предлага имајќи во предвид дека модерната технолигија дава други можности на превозниците за информирање на јавноста односно на патниците.

Со измената во членот 29 се овозможува еден превозник да изврши пренос на дозвола за превоз на патници на друг превозник без притоа истото да се спроведе согласно одредбите за купопродажба на правен субјект или стечајна постапка или слично. Овој предлог произлегува од практични причини со цел да се олесни пристапот на граѓаните до редовен линиски превоз на патници од сите населени места. Ваква потреба се јавува во случај на престанок на заинтересираност на одржување на автобуската линија од страна на превозник кој има дозвола за истата од било кои причини, а со цел да нема застој во одржувањето на линијата со овој предлог се овозможува друг превозник кој е заинтересиран за одржување на линијата и доколку ги исполнува сите потребни критериуми за поседување на дозвола (возила, возачи итн) истата да ја добие. Во ваков случај патниците-граѓаните нема да почуствуваат застој или неможност да пристапат до одредено населено место.

Со измената во член 30 во насока на обезбедување на целосно почитување на правилно вршење на превозот на патници се предлага да се воведе обврската на двете страни и на превозникот и на автобуската станица (во член 41 од овој закон) да склучат меѓусебен договор за линијата која треба да се одржува.

Измената во членот 31 се предлага со цел праксата која се покажала и со која се соочуваат превозниците при воспоставување на нова меѓународна линија или при продолжување на важноста на постоечка меѓународна линија да се земе во предвид како можност односно основ да се изврши корекција во соодветниот возен ред без притоа да се задира во основните критериуми за добивање на автобуска линија.

Измената во членот 32 се предлага имајќи во предвид дека модерната технолигија дава други можности на превозниците за информирање на јавноста односно на патниците. Во секој случај останува обврската за пријавување на привремениот односно трајниот прекин на автобуските станици.

Со измената во членот 33 се укинува правото на автобуските станици да се јават како предлагачи до министерството за одземање на одредена линија поради неодржување. Останува контролниот надзор кај државните инспектори за патен сообраќај на кои им се предвидува задолжително постапување од нивна страна при констатирање на неодржување на една линија по двата основа.

Измените во членот 34 произлегоа од практични причини. Рокот за воспоставување на меѓународна линија се продолжува за 12 месеци имајќи во предвид дека станува збор за усогласување на постапките за издавање на дозвола на две различни држави кои во најголем број од случаите имаат комплетно различни процедури. Во таа насока се и предложените измени во членовите 35 и 36 од овој закон. Во членот 36 се допрецизира начинот на кој можат превозниците да го договорат режимот на одржување на една меѓународна автобуска линија. Во постоечкиот член 38-б (во измените член 36) и досега постоеше одредба која ја регулираше ситуацијата кога на домашен превозник ќе му се одземе важечка дозвола за автобуска линија. Измените во членот 36 се во насока на подобро уредување на наведената ситуација.

Измената во членот 37 е по предлог на Асоцијацијата на авто-такси превозници, истата се предлага со цел да се избегнат односно минимизираат недореченостите во одредбите од законот кои се однесуваат на лиценцирањето на авто-такси превозниците.

Измената во членот 38 се предлага со цел законски да се опфати праксата која веќе постои извесен период на терен и по барање на такси превозниците да им биде утврдена тарифа од домицилнтата општина по која ќе наплаќаат за извршен превоз помеѓу две општини.

Со измената во членот 39 подетално се предвидуваат условите кои авто-такси превозниците треба да ги исполнуваат при вршењето на превозот на патници. Условите се однесуваат на исправноста на возилата, нивните обележја како и за активностите кои возачот треба да ги превземе.
Измената во членот 40 се предлага со цел детално во рамки на законот да се предвиди постапката која ја спроведуваат општините при одобрување односно издавање на лиценци и изводи од лиценци на авто-такси превозниците.

По примерот на измената во членот 30, така и во измената во членот 41 се предлага обврска на автобуските станици да склучат договор со превозниците.
Измената во членот 42 е со цел да се прецизираат видовите на превоз за кои при нивно извршување се наплаќа утврдениот надоместок од страна на автобуската станица. Дополнително се предвидува Комисија која врши категоризација на автобуските станици што во пракса и се спроведува.
Во измените на членовите 43 и 44 се брише еден од основите според кој може да се одземе или намали категоријата на автобуската станица.
Со измената во членот 45 се врши прецизирање на начинот на кој се доставуваат извештаите од автобуските станици до Државниот инспекторат за транспорт.
Со измената во членот 46 се врши допрецизирање во насока на предходната измена каде покрај за моторните возила извод од лиценца се предвидува и за приклучно возило.
Со измената во членот 47 се врши конкретно прецизирање на документите кои е потребно да се наоѓаат во возилото при вршењето на меѓународен превоз на стока.

Со измената во членот 48, како и во членот 4 се предлага да се брише основот за донесување на подзаконски акт во кој би се пропишала најнискат цена за извршениот преглед за утврдување на ЕКМТ тест сертификатот за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила. Сметаме дека ваквиот начин на пропишување не е во согласнот со нашата цел за поефикасно и поквалитетно спроведување на прегледите.
Измената во членот 49 е во насока на допрецизирање на ситуациите кога еден превозник ќе биде исклучен од распределба на ЕКМТ дозволи. Со оглед на воведувањето на системот на степенување на ризик и категоризација на прекршоците се наметна потребата за уредување на ставот 3 од овој член.
Со измените во членот 50 се допрецизира постапката при размена на ЕКМТ дозволите меѓу превозниците по спроведена прелиминарна распределба.

Со измените во членот 51 се врши допрецизирање.
Во членот 69-д се уредуват критериумите за одземање на ЕКМТ дозвола. Со измените во членот 52 се врши допрецизирање на тие критериуми.
Со измените во членот 53 се врши уредување на вршењето на меѓународен превоз на стока. Начинот на користење и пополнување на поединечните транспортни дозволи со цел нивно правилно користење се исто така цел на уредување со измената во членот 53.
Со измената во членот 54 се пропишува начинот кога странскиот превозник може да врши превоз на стока и врз основа на кој вид на дозвола.

Со измената во членот 55 се допрецира правилото за проверка на поседувањето на соодветна дозвола од страна на испраќачите или примачите на стоката.
Со измената во членот 56 се врши допрецизирање.
Со измнета во членот 57 се допрецизира за кој превозник важат уредените исклучоци.
Во членот 75 се уредени ситуациите кога е потребна дозвола за вонреден превоз. Со измената во членот 58 се уредува исклучокот од претходно уредените ситуации во случаи кога надминувањето на тежината не надминува 1,5 % од припишаните.
Со измената во членот 59 се врши допрецизирање на ситуациите кога нема да се дозволи движење по јавните патишта во РМ.
Со измената во членот 60 се врши допрецизирање во насока на усогласување со новиот назив на Сертификатот за возачите.
Со измената во членот 61 се врши терминолошко усогласување и допрецизирање.
Со измената во членот 62 се врши терминолошко усогласување и допрецизирање.
Со измената во членот 63 се врши терминолошко усогласување и допрецизирање.
Измената во членот 64 се предлага со цел да се изврши дефинирање на ситуациите кога ќе се забрани пристап на патиштата на РМ за странски превозници имајќи во предвид дека се врши категориазација на прекршоците.

Со измените во членот 65 се врши утврдување на критериумите за степенување на ризикот на превозниците и категоризација на прекршоците на многу сериозни прекршоци, сериозни прекршоци и помали прекршоци.
Во измената од членот 66 се прецизираат основите за вршење на надзор од страна на Министерството за транспорт и врски.

Со измената во членот 67 се предлага контролата на вршењето на превоз на патници и стока покрај државните инспектори за патен сообраќај да започнат во одреден дел да ја вршат и полициските службеници при Министерството за внатрешни работи. Во таа насока со измените во членот 69 се утврдени конкретно по вид на превоз на патници и стока кои контроли ги вршат полициските службеници при Министерството за внатрешни работи.

Со измената во членот 70 се уредува еден основ за постапување на државните инспектори во ситуации кои од праксата досега се оценети како сериозни прекршувања кои превозниците ги прават.
Со измената во членот 71 се прецизира кога може инспекторот да го прати превозникот на едукација како и се врши уредување во кои случаи односно кога ќе се констатира сторување на точно кој прекршок истото може инспекторот да го изрече.

Се врши терминолошко прецизирање со измената во членот 72.

Измените на овој закон опфаќаат исто така и промени што се однесуваат на прекршоците особено во однос на висината на глобата која се изрекува. Понатаму се изедначуваат домашните и странските превозници и со измените се предвидува и во двата случаи да се изрекува прекршочен платен налог.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико