Правдико

   

Што содржат предлог измените во Законот за трговија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основен Закон во областа на трговската политика, со кој се уредуваат условите за вршење на трговија во земјата и странство е Законот за трговија .

Предложените изменувања во Законот за трговија се во фунција на укинување на ограничувањата во Законот кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на ограничувањата на малопродажните објекти со кои истата се забрани во продавниците во состав на бензинските станици и во киосците.

Имено со Законот за изменување и дополнување на  Законот за трговија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 88/08) се забрани продажбата на алкохолни пијалоци на бензинските станици и преку киосците во трговијата и се ограничи времето за продажба на алкохолни пијалаци до 19,00 часот. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 99/09) времето за продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало се продолжи за два часа, т.е. до 21,00 за летниот период (од 1 мај до 30 септември).

Со Предлог – законот се предвидува: продажбата на алкохолни пијалоци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат исполнување на минимално-технички услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалоци. Исто така со законот се предвидува да не се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши трговија со алкохолни пијалоци, односно се предвидува да се дозволи продажбата на истите да се врши и во киосците. Предлог – законот исто така предвидува да не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалоци во малопродажните објекти во трговијата на мало.

Со членот 1 од Предлог – законот се интервенира во членот 23-а така што се бришат ставовите 4 и 5 со кој беше предвидено продажбата на алкохолни пијалоци трговецот да се врши само во посебен продажен објект за продажба на алкохолни пијалaци или во посебно издвоен дел од продажниот објект кој е соодветно обезбеден.  Исто така со овој член се брише обврската за исполнување на минимално технички  услови за  продажба на алкохолни пијалоци за продолжување на лиценцата. Оваа измена се прави од причина што посебните продажни објекти и посебните услови во посебно издвоен дел од продажниот објект како минимално техничките услови беа предвидени со цел  за да може да се спроведе временското ограничување на продажбата. Во услови на укинување на временското ограничување не се потребни посебни технички услови за продажба на алкохолни пијалоци.

Од истата причина се вршат и измените во членот 2 со кој се интервенира во членот 23-б во ставот 3 така што точката 2 се брише. Со оваа измена се брише обврската трговецот на мало кон барањето за издавање на лиценца да доставува изјава за исполнување на минимално технички  услови за  продажба на алкохолни пијалоци.  Исто така со овој член во членот 23-б во ставот 12 алинејата 1 се брише со што се става вон сила Правилникот за минимално-техничките услови за продажба на алкохолни пијалоци кој беше донесен од министерот за економија.

Со членот 3 во членот 23-в во став 2 точките 1) и 2) се бришат која се однесува на престанување на исполнетост на минимално-технички услови за продажба на алкохолни пијалоци како причина за одземање на лиценцата се брише од причина што со членот 1 и 2 се ставаат вон сила минимално – техничките услови за продажба на алкохолни пијалоци. Со истиот член се брише и точката 2 бидејќи со членот 4 се укинува временското ограничување на продажбата на алкохолни пијалоци. Ставот 3 од членот  23-в се менува од причина што се изменети условите кои се основ за одземање на лиценцата.

Со членот 4 се менува членот 24-а така што се укинува временското ограничување на продажба на алкохолни пијалоци и се укинува забраната за продажба на алкохолни пијалоци во киосците.

Во членот 5 се интевенира во членот 51 во став 1 кој се однесува на управните мерки што може да ги преземе државниот пазарен инспектор при надзорот, така што  се бришат точките 3 и 4, кои се однесуваат на временското ограничување на продажба на алкохолни пијалоци.

Партнери на Правдико