Правдико

   

Што содржи интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieВчера (28.10) во Собранието од страна на опозицијата беше поднесена интерпелација за работата на министерот за здравство Никола Тодоров. Интерпелацијат главно содржи забелешки во работењето на министерот и поради што се бара итна оставка. Во интерпелацијата стои: ,,Системските проблеми и целокупниот хаос во здравството резултира со трагични последици врз граѓаните, врз пациентите. За само два дена, две трудници го загубија животот што е недозволиво да се случува во 21 век. Тоа најдиректно покажува дека здравствениот систем во Македонија  не функционира.

Никола Тодоров мора да понесе одговорност за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, немањето стратегија за развој и хаосот што го создаде во здравтсвото кое го зема најскапиот данок-човечкиот живот.

Запрепастувачката е рамнодушноста и игнорантнскиот однос на Тодоров за последните трагични случувања во болниците низ Македонија покажува дека нема никаков морален капацитет. Факт е дека Никола Тодоров воопшто и не требаше да биде поставен на позицијата министер за здравство. За време на неговото министерување македонското здравство го достигна дното.

Болниците низ државата одамна не го заслужуваат статусот на вистински заштитници на здравјето на граѓаните. Нема доволен лекарски кадар, нема соодветна опрема. недостасува медицински материјал. Граѓаните се повеќе плаќаат а добиваат се помалку и се полоши услуги. Лекарите го напуштаат јавното здравство и се повеќе заминуваат во странство. Македонија може да стане држава без доктори. Оние лекари што останале да работат во јавните здравствени институции се преоптеретени, слабо платени и оставени без основни услови за работа.

Гинекологијата е една од најзагрозените гранки каде што недостатокот од гинеколози е огромен, а условите за работа во болниците се катастрофални и несоодветни. Според достапните информации само 128 гинеколози има во јавното здравство низ цела Македонија. Имликациите од таквата состојба се голема смртност на новородени, доенчиња, бремени жени и родилки. Бројките се поразителни. Македонија според Еуростат е на врвот на листата со починати новородени. Во 2013 година починале дури 229 доенчиња! “.

Целиот текст на интерпелацијата можете да го видите ТУКА

 

Партнери на Правдико