Што содржи новиот предлог на Грција, што ја врати надежта на преговарчката маса | Правдико

Правдико

   

Што содржи новиот предлог на Грција, што ја врати надежта на преговарчката маса

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грција вчера ги претстави новите предлози за реформи кои нејзините партнери од еврозоната внимателно ги поздравија како можна основа за спогодба која ќе ги деблокира спасувачките средства, неопходни за спречување на можниот банкрот на земјата, јави БТА.

b31cc404-64c7-4314-b349-5be71a7f8fed-greece-eu-bailout-talks

Следи резиме од предлозите на начин како што беа изложени од  грчките владини претставници.

ПЕНЗИИ

Предвременото пензионирање постепено ќе се прекине од 2016 до 2025 година, но ќе се задржат исклучоци за некои конкретни категории, вклучувајќи ги тешките професии и за мајките со инвалдитет.

Владата предвидува да останат специјалните додатоци за некои пензионери со ниски приходи, што месечно изнесуваат меѓу 57 и 230 евра, но од 2020 година тие ќе бидат заменети со нова заштитна рамка за ниските пензии.

Ова е клучната точка на разликите меѓу Грција и нејзините кредитори, кои го бараат нејзино укинување.

ДДВ

Грција ќе задржи три ставки на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23 проценти, 13 проценти и шест проценти.

Електричната енергија и рестораните ќе бидат оданочувани со 13 проценти место со 23 проценти, како штро инсистираа кредиторите, а за лековите ставката ќе се намали на шест проценти место досегашните 11 проценти, како што бараа кредиторите.

Официјални владини претставници изјавија дека кредиторите побарале две ставки, од 11 и од 23 проценти.

ЗГОЛЕМЕНИ ДАНОЦИ ЗА ЛУЃЕТО СО ВИСОКИ ПРИХОДИ

Данокот на солидарност за луѓето со повисоки приходи (над 50. 000 евра) ќе биде зголемен, а истовремено ќе се намали данокот врз доходите под 30.000 евра.

Се воведува данок на солидарност од осум проценти врз приходите над 500.000 евра.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОРПОРАТИВНИОТ ДАНОК И ДАНОКОТ „ЛУКС“

Даночните планови вклучуваат:

а) специјален налог за оданочување од 12 проценти врз бизнисот, што декларира заработка од над 500. 000 евра;

б) зголемување на данокот „лукс“ за базените, приватните авиони, големи автомобили и јахти со должина над 10 метри;

в) данок врз играчниците.

ПРИВАТИЗАЦИИ

Приватизациите да наметнуваат минимална сума на инвестиции, ангажман од инвеститорите да ја поттикнуваат локалната економија и учество во трговијата на берза на грчкиот пазар на пари.

Префрлањето на акциите на грчката Влада во телекомуникацискиот оператор кон Агенцијата за приватизација нема да биде дел од првите чекори на кредиторите.

Грција нема да ги приватизира електродистрибутивниот оператор АДМИЕ, ниту Националната електрокомпанија (ДЕИ), како што бараа кредиторите.

ПЛАТИТЕ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР

Нема да има намалување на платите во државниот сектор од нивото од крајот на 2014 година.

ПРВИЧЕН БУЏЕТСКИ СУФИЦИТ

Првичен буџетски суфицит од еден процент во 2015 година и два процента во 2016 година место три и 4,5 проценти, како што беше договорено од претходните грчки влади.

ОБВРЗНИЦИ

Грција го повтори своето барање еврозоната да и даде заем за да ги купи назад државните обврзници во вредност од 27 милијарди евра од Европската централна банка – изведувајќи ефикасен ролоувер на долгот под поповолни услови.

ИНВЕСТИЦИИ

Грција сака спогодбата со кредиторите да вклучува и финансирање на инфраструктурата и новите технологии преку инвестициски пакет од Европската комисија и Европската инвестициска банка.

ЦЕЛИТЕ ВО БРОЈКИ

Според информација за грчките предлози, што беше повлечена од сајтовите, Грција, исто така, планира да ги зголеми пензиските уплати за годинава да собере 605 милиони евра и следната година уште 1,56 милијарди евра.

Намалувањето на расходите и приходите од даноци треба да донесе буџетски мерки, што годинава ќе соодветствуваат на 2,69 милијарди евра или 1,51 процент од БДП и 5,2 милијарди евра или 2,87 процента од БДП во 2016 година – што е зголемување од 1,99 милијарда или 1,1 процент од БДП и 3,8 милијарди евра или два процента од БДП, како што беше претходно.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико