Правдико

   

Што содржи новиот предлог Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17)),  се уредени надлежностите на државните органи надлежни за контролата на производството и прометот на опојните дроги и психотропни супстанции, условите за одгледување и надзорот над одгледувањето на растенија од кои може да се добие дрога, спречување и сузбивање на злоупотребата на дроги, спречување на недозволено производство и трговија на дроги и психотропни супстанции се со цел да се заштити здравјето на луѓето.

Со измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и  психотропни супстанции во 2016  година се уредија условите за одгледување на канабис за медицински цели од правни лица кои по исполнување на условите по односна простор, опрема и кадар,  оценети од страна на Комисија формирана од министерот за здравство,  добиваат одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, по претходна добиена согласност од Владата на Република  Северна Македонија.

Со новиот предлог на закон се омозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните Конвенции и европското законодавство што ја рагулира материјата.

Досега во Република Северна Македонија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија имат добиено дваесет и девет фирми,  со тенденција тој број да се зголемува. Интересот за инвестирање во Република Северна Македонија за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и  поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и  сувиот цвет од растението канабис.

Извештај за процена на влијанието на регулативата и Нацрт текст на Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции беа објавени на ЕНЕР во септември 2018 година.

Од добиените коментари, забелешки и предлози се заклучи дека е потребно да се изготви нов Предлог на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, а не да се предлагаат измени и дополнувања на постојниот закон.

Притоа, при  формулирањето на новите законски норми земена е во предвид и појавата на нови психоактивни супстанции кои се широко достапни на потрошувачите поради недостаток на правна контрола, преку специјализираните продавници во онлајн продажба подржани со глобални синџири за снабдување што овозможуваат нарачка преку Интернет и транспорт на нови психоактивни супстанции што се пакуваат и се продаваат на нелегалниот пазар на лекови, се повеќе се присутни на  територијата на државата.

Системот за рано идентификување во ЕУ информира дека секоја година рапидно се зголемува бројот на нови психоативни супстанциикои во најголем број претставуваат значителен ризик по здравјето и животот на потрошувачите.

Преку исполнување на целите за донесување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, треба да се обезбеди:

– систем на размена на информации помеѓу институциите надлежни за борба против дрога кој во сегашни услови е делумично воспоставен,

– воспоставен контролен механизам на производи кои во сегашни услови легално се продаваат како лекови “за издигнувања”, како “истражувачки хемикалии”, “растителна храна” и “купки за релаксација” а науката ги препознава како нови опојни или нови психотропни супстанции, oвие производи претставуваат значајни предизвици во јавното здравје,

– систем за рано предупредување и брза размена на податоци за производство, трговија, употреба и ризици од појава на нови психотропни супстанции и спречување на негативни ефекти по здравјето на луѓето, преку брза размена на информации со надлежните институции на национално и европско ниво,

– ќе се изврши разграничување на термините: одгледување канабис за медицински цели и одгледување на коноп за индустриски цели, што се користи исклучиво за производство на влакно, семе за исхрана на животни,

– ќе се регулира рекламирањето на растението канабис, производите, препаратите, екстрактите и тинктурите од растението канабис во конечен облик,

– ќе се допрецизираат надлежностите на органите одговорни за спроведување на законот и подзаконските акти донесени брз основа на овој законот,

– ќе се основа Агенција за контрола на одгледувањето и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели,

– ќе се дадат овластувања на јавна здравствена установа што ќе ги врши работите на Центарот за третман и намалување на штети од злоупотреби на дроги од министерот за здравство, и

– ќе се изврши усогласување на законот со европското право во оваа област.

На овој начин државата ќе ја исполни својата обврска да воспостави однос на регулираната присатност на овие супстанции која се потпира на правните, политичките, здравствените и моралните начела кои треба да осигураат услови дека ваквите супстанции кои се достапни за медицински цели мора да ја заштитат својата популација од злоупотреба и зависност.

Промовирањето на правните норми на овој закон треба да обезбедат услови кои ќе тежнеат кон намалување на нивната злоупотреба а истовремено до максимално ниво да го овозможат нивниот пристап за рационална медицинска употреба што навистина претставува значаен предизвик за надлежни органи во државата. Тоа значи дека, контролата на психотропните супстанции не е само цел за себе, туку треба да биде средство за оптимизирање на јавното здравство преку создавање на услови за правилна употреба на овие супстанции во медицински цели.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико