Што содржи новиот закон за регистрација на возила со странски регистарски таблички
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Донесувањето на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија, е со цел постојните возила кои се управуваат од страна на сопствениците кои се наоѓаат во територијата на Република Северна Македонија и се со странски регистарски таблици, а се влезени во територијата пред 01. Октомври 2020 година, да им се овозможи да се регистрираат согласно овој закон, со давачки кои се намалуваат за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи
Возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:
1. сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
2. да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
Сопственикот или корисникот на возилото односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото кое ги исполнува условите за исполнување на условот под број 2 поднесува
Изјава заверена кај нотар со која под кривична, морална и материјална одговорност потврдува дека возилото има направено влез на територија на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година и истата ја приложува при регистрација на возилото.
Сопственикот или корисникот на возилото односно лицето овластено за отуѓување на возилото, изјавата ќе ја приложи на надлежниот царински орган во постапка на увозно царинење на возилото.
Износот на обврските за возилата кои ќе се увезат и регистрираат согласно овој закон се намалува за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.
При увоз на возилото, сопственикот или корисникот на возилото односно лицето овластено за отуѓување на возилото доставува Изјава заверена кај нотар со која под кривична, морална и материјална одговорност потврдува дека возилото по завршување на постапката за увоз ќе го регистрира согласно одредбите од овој закон.
Барањето за регистрација може да се поднесува во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.