Што содржи предлог Законот за издавање на вредносни бонови ваучери? | Правдико

Правдико

   

Што содржи предлог Законот за издавање на вредносни бонови ваучери?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Согласно Законот за издавање на вредносни бонови ваучери, предвидено е студентите кои живеат во семејства во кои вкупните месечни приходи да не го надминуваат износот од 45.344 денари нето приход за да можат да се стекнат со вредносен бон ваучер за набавка на комјутер.

Сите студенти кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе можат да аплицираат на своите факултети, каде по извршената идентификација (врз основа на број на индекс и лична карта) ќе им бидат врачени ваучерите. Понатаму, издадените ваучери студентите ќе можат да ги искористат во трговски друштва и трговци поединци кои се регистрирани за дејности поврзани со трговија, одржување и поправка на компјутери како финансиска помош/субвенција при купување компјутер, врз основа на името и презимето на студентот, бројот на индексот, бројот на личната карта односно патна исправа, серискиот број на ваучерот и личен потпис на студентот врз основа на пополнет формулар за купување на компјутер со ваучер. Значи, ваучерите не смеат да бидат употребени за купување на било каква друга техничка опрема освен компјутер.

Понатаму, сите искористени/примени ваучери заедно со серискиот број на продадените комјутери, ИТ фирмите ќе ги достават до Министерството за иформатичко општество и администрација, од каде во замена ќе им биде пренесен соодветен износ на финансиски средства доколку ја искористиле номиналната
вредност на ваучерот. Процедурата околу распределбата на ваучерите по студенти и нивната реализација и раздолжување со фирмите е предвидено да започне по влегување во сила на овој закон и да трае заклучно до 31 јануари 2018 година.

Предлогот за донесување на законот за издавање на вредносни бонови – ваучери се засновува врз следните цели и начела:

– поттикнување и помагање на научниот и технолошкиот развој на студентите кои потекнуваат од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 45.344 денари нето приход
– помагање на студенти евидентирани како лица со посебни потреби,
– директна стимулација (помош) на компаниите кои се дел од ИТ секторот.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледните ТУКА

Партнери на Правдико