Што стои во образложението на предлогот за укинување на лустрацијата | Правдико

Правдико

   

Што стои во образложението на предлогот за укинување на лустрацијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

lustracijaВчера до Собранието на Република Македонија беше поднесен предлог за престанок на  Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност  или популарен како Закон за лустрација. Предлогот беше поднесен  од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити, Антонијо Милошоски.

Во образложението на предлог законот се нагласува дека Комисијата успешно си ја завршила работата. Имено Комисијата за верификација на фактите која го отпочна и водеше процесот на лустрација во Република Македонија до сега утврди соработка со органите на државната безбедност на над 300 лица, а провери повеќе од 30.000 лица поранешни носители на јавна функција, јавна дејност или со јавни овластувања, сегашни носители на овие функции, како и кандидати за овие функци.

lustracija4Меѓу лустрираните се најдоа професори, писатели, поранешни министри, политички функционери, јавни личности. Лустрацијата во Македонија одблежа еден историски процес. Задачата на Комисијата за верификација на фактите не беше оспорување на делата или општествениот придонес на лустрираните, туку обелоденување на нивната соработка и напредокот во кариерата или личниот бенефит кој го имале на сметка на таквата соработка, која во најголемиот дел од пост комунистичките земји се обелодени и заврши успешно. Имајќи во предвид дека работата на Комисијата за верификација на фактите е завршена, се наметна потребата од донесување на овој закон.

Заради потребата од завршување на започнатите постапки, се уредува дека Законот за определување на услов за органичување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност ќе продолжи да се применува на постапките започнати до 1 септември 2015 година, а за кои Комисијата за верификација на фактите има донесено решенија, се до нивното конечно завршување, како и дека од 1 септември 2015 година, Комисијата за верификација на фактите нема мандат за покренување на нови постапки согласно Законот за определување на услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на државна безбедност.

Целиот текст на предлог законот и образложението можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико