Што треба да поседувате од зимска опрема | Правдико

Правдико

   

Што треба да поседувате од зимска опрема

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zimska-opremaМоторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Како  зимска  опрема  на  моторни  возила  со  најголема  дозволена  маса  која  не надминува 3.500 kg се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина,  од шест mm.

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како  зимска  опрема  на  моторни  возила  со  најголема  дозволена  маса  која надминува 3.500 kg се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина,  од шест mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала   со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири  за  снег  со  адекватна  големина  за  погонските  тркала  или  други  соодветни помагала.

–  автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и

– прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските  услови  на  патот  не  овозможуваат  непречено  и  безбедно  одвивање  на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови  на возачот кој постапува спротивно на овие правила.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико