Постапка за регистрација како занаетчија или индивидуален земјоделец | Правдико

Правдико

   

Постапка за регистрација како занаетчија или индивидуален земјоделец

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

crm

Индивидуален земјоделец

Потребни документи за регистрација:

  1. Барање за упис во регистарот на индивидуални земјоделци
  2. Доказ за државјанство
  3. Доказ за правниот основ за користење на капацитетите         

–    нотарски заверен документ за користење земјиште под наем или

–    имотен лист за сопственост

  1. Доказ дека не е изречена мерка безбедност забрана за вршење дејност со правосилна пресуда
  2. Доказ дека нема неподмирено даночни обврски од Управа за јавни приходи
  3. Доказ дека не е запишан во трговски регистар

Постапката за упис во Централен регистар на РМ се одвива преку едношалтерски систем. Лицата треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство каде ќе го поднесат барањето за упис во регистарот на индивидуални зејмоделци заедно со сите потребни документи. Подрачната единица по службена должност ја поднесува севкупната документација до Централен регистар на РМ. По завршување на постапката за регистрација, документите треба да се заверат кај нотар.

Занаетчија

Потребни документи за регистрација:

  1. Доказ за стручно образование (оригинал или заверено кај нотар)
  2. Работна книшка
  3. Здравствена книшка
  4. Лична карта (фотокопија)
  5. Слика

Постапката за упис во Централен регистар на РМ се одвива преку едношалтерски систем. Лицата треба да се пријават во Регионалната Занаетчиска Комора, каде ќе го поднесат барањето за упис во регистарот на занаетчии заедно со сите потребни документи. Комората на занаетчии по службена должност ја поднесува севкупната документација до Централен регистар на РМ со цел издавање на решение за регистрација.

Препорачуваме

Партнери на Правдико