Штрајк на вработените во грчките болници, локалната управа и контролата на летови | Правдико

Правдико

   

Штрајк на вработените во грчките болници, локалната управа и контролата на летови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

grcija-shtrajk-lekari-860x680Бран протести и штрајкови ја зафатија денеска Грција. Под клуч се државните болници и дел од јавната администрација поради протестот на вработените, а откажани се и голем број летови оти на штрајк излегоа и авионските контролори.

Вработените во државните болници и итната помош со две кочии и со црни коњи се движат низ центарот на Атина и прават обиколка на сите поголеми здравствени установи, покажувајќи ја на тој начин симболично тешкотијата да се пренесуваат итните пациенти поради недостигот од персонал.

Докторите и медицинскиот персонал реагираат дека поради кризата, бројот на вработени во болниците и во клиниките е преполовен, а има недостиг и од лекови и од медицински материјали. Тие велат оти се сомневаат во ветувањето на владата дека ќе има вработувања со парите од првата рата од телевизиските концесии.

Синдикатите на вработените во здравството велат дека од почетокот на кризата се отпуштени околу 20.000 луѓе од болниците и од здравствените институции, а буџетот за здравството е намален за 350 милиони евра во споредба со лани.

Покрај вработените во болниците и докторите, денеска штрајкуваат и вработените во локалната управа.

Од денеска до сабота прекин во работата имаат и контролорите на летови, поради кои се откажани или доцнат голем број летови.

Извор: Meta.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико