Штрајк во државните болници во Грција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лекарите, медицинските сестри и персоналот на итната помош на државните болници на Грција и на здравствените домови денеска почнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради недостигот од персонал и недоволното финансирање на здравството, како и поради доцнењето на платите предизвикано од финансиската криза во Грција.
Болниците работат со минимален персонал, а повеќето од вработените денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство.
Синдикатот на вработените во државните болници соопшти дека здравството е загрозено поради недостигот на персонал и недоволното финансирање. Тие тврдат дека преговорите на државата со кредиторите не создаваат услови за решавање на наталожените проблеми и оти здравството оди во безизлезна состојба.
Новата грчка влада се бори да се договори за реформите кои кредиторите ги бараат во замена за средствата од пакетот кредитна помош, која ѝ е потребна на Грција за да го избегне прогласувањето мораториум на сите плаќања следниот месец.
Извор: Мета.мк