Правдико

   

Штрајк во Франција против најавената пензиска реформа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Франција се соочува со сериозно нарушување на нормалното функционирање поради заканите на милиони работници со штрајк и протест против пензиската реформа која ја најавува претседателот Емануел Макрон.

Од денешниот национален протест најмногу е погоден транспортот. Голем број на авиони, возови и автобуси не сообраќаат, а има голем застој и во метрото во Париз.

Вработени во училишта и болници како и од други професии учествуваат во протестот кој е опишан како најголемата блокада на Франција во последните години.

Макрон сака да воведе универзален пензиски систем кој ќе ги елиминира многубројните, таканаречени, специјални услови за сектори кои често им нудат на вработените повисоки пензии доколку порано заминат во пензија.

Синдикатите наведуваат дека ваквата реформа ќе значи дека милиони работници ќе работат повеќе од законскиот рок за пензионирање кој е 62 години или ќе се соочат со намалени пензии.

Владата најави дека очекува околу 250 протести низ целата земја, предупредувајќи дека некои од нив можат да станат и насилни.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико