Штрајкот продолжува: Адвокатите од Србија најавија протести
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Адвокатската комора на Белград , Слободан Шошкич најави дека во четврток (25.09.2014), ќе се одржи протест пред Палатата на правдата во Белград , за да го изразат своето незадоволство против новите оданочувања и поедини сегменти поврзани со нотаријатот.
Белградските адвокати штрајковаат од 10 септември, а после една недела на 17 септември им се придружија колегите од цела Србија.
Поради штрајкот во застој е целото правосудство, посебно кривичните постапки, каде без присуството на адвокатите не може да се одржи судење.
Претседателот на Адвокатската комора на Србија Драгољуб Џорџевич, најави дека адвокатите нема да продолжат со работа се до исполнување на нивните барања за отстранување на проблемите со надлежностите на нотарите кои ја загрозуваат адвокатската професија и прашањата поврзани за новите оданочувања.
Повлечени се сите преставници во комисиите, работните групи и други работни тела, а од адвокатите кои се избрани во Високиот судски совет и во Државниот совет на обвинители ги повикаат да си дадат оставка. Исто така се бара разрешување на министерот за правда Николе Селаковича.
–ПРАВДИКО–
Поврзани статии: