Штрајкот во судската администрација продолжува
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По изјаснувањето на синдикалните организации и подружници од судовите кои изминатиов период штрајкуваат, штрајкот продолжува – 26 од вкупно 29 судови се изјаснија “за”, а три за друг начин на штрајкување од досегашниот.
Синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска администрација (ЗСА) по оддржаниот протест во средата на 08.06.2016 година и незаинтересираноста на Министерството за правда да преговара, се договорија за натамошниот тек на штрајкот да се произнесат сите синдикални организации и подружници.
По оддржаните состаноци во судовите и доставените записници, Штрјкувачкиот одбор констатира дека од 29 доставени записници, 26 судови се изјаснија запродолжување на штрајкот, а три за друг начин на штрјкување од досегашниот.
Согласно таквиот заклучок, од денес понеделник, штрајкот продолжува со ист интензитет во сите судови кои и досега штрајкуваа.
Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ќе преземат дополнителни напори за решавање на барањето и во наредните денови ќе преземат активности за средби со координаторите на сите пратенички групи застапени во Собранието на Р. Македонија преку кои ќе се побара изменување на Законот за судската служба.
Истовремено Штрајкувачкиот одбор заклучи, штрајкувачките одбори во судовите во понеделник 13.06.2016 година, задолжително од претседателите на судовите да побараат, без одлагање, и тие да се обратат до надлежните судски власти со барање за изнаоѓање решение и прифаќање на предлогот на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА. Платите, додатоците на плата, условите за работа и правата од работен однос не се и не треба да бидат интере само на синдикатот туку и на работодавачот.
Синдикат на УПОЗ и ЗСА уште еднаш апелираат до извршната, законодавната и судската власт заеднички да седнат со Синдикатот на преговори и да не се однесуваат како досега, незаинтересирано, префрлајќи си ја вината едни на други. Таквиот пасивен однос прави огромна штета за државата, судството, граѓаните, адвокатите и сите други кои водат судски постапки во судовите.