Швајцарија ги укина скоро сите ограничувања за Ковид-19 | Правдико

Правдико

   

Швајцарија ги укина скоро сите ограничувања за Ковид-19

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Швајцарија од денеска ги укина речиси сите ограничувања за пандемијата на коронавирус, соопшти владата, наведувајќи дека се намалија стравувањата оти скокот на инфекции поттикнати од варијантата омикрон ќе го совлада здравствениот систем. Владата соопшти дека само условот за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи ќе остане на сила по измените кои стапуваат на сила денеска.

Задолжителната петдневна изолација на луѓето кои се тестирале позитивно на коронавирус, исто така, ќе остане во сила до крајот на март за да се заштитат особено ранливите луѓе , соопшти владата, Но, продавниците, рестораните и културните институции ќе бидат слободно достапни. Повеќе од 90 насто од швајцарското население од 8,6 милиони луѓе се здобиле со заштита од вирусот, се опоравиле од ковид-19 или биле вакцинирани, забележуваат официјални лица.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико