Швајцарија го повлекува барањето за членство во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Швајцарија го повлекува барањето за членство во ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Швајцарија ќе го повлече барањето за приклучување кон Европската унија, поднесено во 1992 година, одлучи вчера Кантоналниот совет (Горниот дом на Парламентот), со што ја поддржа одлуката на Долниот дом, Националниот совет.

95281B253B28D440B6AA0C4DCD0A2E8C

Барањето за влез во ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во пракса престана да биде актуелно по референдумот во декември истата година, кога швајцарските граѓани со мало мнозинство гласаа против приклучувањето кон Европска економска зона.

По објавувањето кон крајот на мај на годишното социолошко истражување „Безбедност 2016“ се увиде дека Швајцарците мошне го ценат високо независниот економски курс на земјата и не сакаат да бидат дел од ЕУ. Оваа година во однос на лани бројот на приврзаниците на евроинтеграцијата се намалил од 21 на 16 отсто.

Висок е и бројот на на граѓаните, кои го поддржуваат неутралниот статус на Швајцарија – 95 отсто, колку што беше и минатата година.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико