Швајцарците одбија минимална плата од 18 евра на час | Правдико

Правдико

   

Швајцарците одбија минимална плата од 18 евра на час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу пет милиони Швајцарци беа повикани на новиот референдум да се изјаснат за редица политички и општествени одлуки.

_74858208_posteragainstminimumwage

Според првичните прогнози граѓаните се изјасниле против барањето на сидникатите за законска минимална плата во висина од пресметано 18 евра на час – 3.500 швајцарски франци неделно. Стопанството уште претходно се изјасни против и предупреди од губење на работни места.

Како што пренесе швајцарската телевизија, според прогнозите е прифатена пак иницијативата, според која на педофилите осудени во Швајцарија доживотно треба да им биде забрането, како професионална, така и доброволна активност со малолетни лица.

Мнозинство, според првичните прогнози има и за предлогот во уставот да се вкотви основната здравствена заштита вкучилтено и високо-квалификувани матични лекари.

Меѓу другото Швајцарците денеска гласаа и за купување на нови борбени авиони за воздухопловните единици. 22 авиони од типот Грипен на шведскиот производител Сааб по цена од пресметано 2,6 милијарди евра треба да ги заменат старите авиони. Противниците аргументираат дека една неутрална земја како Швајцарија нема потреба од високо вооружена авијација. Парите би требало да се дадат за образование. Истражувачите на јавното мислење очекуваат тесен резултат. Засега нема првични прогнози, како Швајцарците се изјасниле по ова прашање.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико