Швајцарците се за ограничување на доселувањето
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Швајцарските граѓани вчера (9.02) на референдум се изјаснија за ограничување на доселувањето. Неофицијалните резултатите покажуваат дека разликата во гласови меѓу опциите„за“ и „против“ е многу тесна!
Институтот за истражување на јавното мислење ГфС попладнево соопшти дека 50,3 проценти од избирачите во Швајцарија се изјасниле за проектот „Против масовно дослеување“. Тоа значи дека Швајцарија би морала да воведе квоти за доселување и наново да преговара за договорите што ги има склучено со ЕУ.
За резултатите да бидат официјални, потребно е во мнозинството кантони во Швајцарија, мнозинството граѓани да се изјасниле „за“ иницијативата за ограничување на доселувањето. Првиот услов беше исполнет уште рано попладнето – резултатите покажаа дека мнозинството кантони гласале „за“. Гласовите на избирачите, меѓутоа, во двата најголеми кантони, Берн и Цирих, се‘ уште не беа избројани до крај.